Севиља првпат на холандско тло

Трикратниот освојувач на Лига Европа, екипата на Севиља, ќе се обиде да го резервира билетот за нокаут фазата со победа над Феенорд на познатиот Де Кујп. Шпанскиот тим има нешто повеќе од 120 натпревари во европските купови, но ниту еднаш не гостувал во Холандија. Впрочем, андалузискиот тим има два меча со холандски опоненти и двата на домашен терен (против АЗ во 2006 година и во првото коло од оваа сезона против Феенорд). Како што е познато, Севиља го победи Феенорд на домашен терен со 2:0, а со три бода од Холандија дефинитивно ќе ги однесе во нокаут-фазата (ќе биде доволен и бод ако Риека и Стандард ремизираат). Тимот од Ротердам ќе пројде само со победа и реми на мечот на Кантрида во Риека. Затоа овој дуел е еден од подобрите во 4. коло во најмасовното европско клупско натпреварување.

СЕВИЉА ДОАЃА СО РАЗНИШАНА САМОДОВЕРБА

Севиља имаше лоши изданија на последните два меча во Примера. Прво ремизираше со Леванте дома, а пред пет дена доживеаја дебакл од 5:1 против Барселона. Разнишаната самодоверба може да претставува проблем за играчите пред овој важен дуел, но тренерот Унаи Емери се обидува да ги држи работите под контрола и да ги мотивира своите избраници да останат фокусирани.

„Не бевме на ниво против Барселона и доживеавме убедлив пораз. Но, тој меч треба да го заборавиме и да свртиме нова страница, да се концентрираме и да размислуваме на победа против Феенорд“, изјави Емери.

ФЕЕНОРД ДОБАР НА СВОЈ ТЕРЕН

Сите победи што ги забележа Феенорд сезонава во Лига Европа беа на домашен терен. Јасно е дека тимот од Ротердам игра на повисоко ниво кога ја има поддршката од навивачите, а вечерва се надева дека ќе го победи и бранителот на трофејот.

„Кога игравме во Шпанија бевме далеку од формата и затоа загубивме. Но, два месеци подоцна мислам дека сме постабилни и подобри. Правиме помалку грешки и сме поефикасни. Денешниот натпревар против Севиља ќе покаже колку е моќен Феенорд“, изјави тренерот Фред Рутен, кој очекува мотивирана Севиља за противник.

„Момците се подготвени да гинат за топ претстава против силен противник. Ќе биде одлично за тимот и за навивачите доколку го совладаме актуелниот шампион на ЛЕ“, додаде тренерот.

Лук Вилшир и Елвис Ману се неизвесни за денешниот меч поради повреди, но затоа на располагање стои Калид Буларуж, кој отсуствуваше поради повреда.

ЧЕТИРИ ЕКИПИ СИГУРНИ, СЕ БАРААТ НОВИТЕ ПАТНИЦИ

Салцбург, Динамо Москва, Фиорентина и Легија Варшава се екипите кои минатото коло обезбедија учество во шеснаесетфиналето во Лига Европа. Вечерва ќе им се придружат уште неколку екипи. Торино и Бриж играат за првото место во групата Б, а Виљареал и Борусија Менхенгладбах за врвот во групата А. Интер, ПСВ Тотенхем, Бешикташ, Наполи, Селтик, Волфсбург, Динамо Киев и Трабзон сигурно ќе се квалификуваат со победи.

ВИЉАРЕАЛ СО 11 ПОБЕДИ ПО РЕД ВО ЛЕ

Шпанскиот Виљареал е во одлична серија од 11 победи по ред во Лигата на Европа. Во таа серија, која почна во 2010 година „жолтата подморница“ победуваше тимови како Порто, Твенте, Баер Леверкузен, Динамо Загреб, Наполи... Оваа сезона вклучувајќи го и плеј-офот на домашен терен на своите противници им даваше по четири гола, а ако се знае дека денешниот противник од Менхенгладбах игра отворено и ефикасно тогаш може да се очекува многу голови на овој натпревар.

„Според мене, мечот со Менхенгладбах е еден од најважните сезонава. Со победа ќе се квалификуваме понатаму. Свесни сме дека пред себе имаме силен противник, меѓутоа добро сме мотивирани и ќе се обидеме ја оствариме третата победа во групата“, вели голманот Серхио Асенхо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...