Мечот е клучен но нема откажување до крај

„Важен е овој натпревар за нас, меѓутоа што и да се случи одиме максимално до завршувањето на овие квалификации. Сакаме да бидеме пред Белорусија, а со победа го загрозуваме и третото место на Украина“, смета нашиот селектор.

Македонскиот национален тим вечерва на „Филип Втори“ го чека квалификациски натпревар со Белорусија. Важен натпревар за исполнувањето на нашите цели пред почетокот на овој циклус. Шансите да се дојде до едно од првите три места се минимални, меѓутоа истите ќе се зголемат во случај на освојување три бодови во вечерашната пресметка.



Селекторот на Македонија, Бошко Ѓуровски, со оптимизам го пречекува вечерашниот дуел со Белорусите од кој очекува позитивен резултат.

„Со Белорусија ќе водиме битка за таа четврта позиција во групата. Со евентуална победа вечерва ќе го загрозиме и третото место на Украина. Се разбира дека сакам успех на овој натпревар“, вели нашиот селектор и додава: „Од минатите натпревари не сум задоволен од реализацијата, меѓутоа овие играчи ми даваат оптимизам. Знаат да го загрозат противничкиот гол. Барам концентрација во одбраната, да бидеме солидарни кон одземање на топката. Со таков пристап можеме до успех. Овој меч е клучен, но ние немаме намера да се откажуваме до крајот на квалификациите“, потенцира Ѓуровски.

СО 1-2 ДИЛЕМИ

Што се однесува до составот, Ѓуровски не сакаше многу да зборува на таа тема. Истакна само дека има 1-2 дилеми околу тоа кому да му ја даде шансата на вечерашниот натпревар.

„Не би сакал сега да го објавам составот. Имам 1-2 дилеми, ама речиси се знае кои играчи може да донесат успех на оваа репрезентација. Низ изминатите неколку дена низ тренинзите видов дека атмосферата е на високо ниво, и овие момци посакуваат да забележат победа“, рече предводникот на националниот тим.

НЕМАМЕ МНОГУ НОВИ ИГРАЧИ

Селекторот не се согласува со тоа дека во јавноста се крева „прав“ околу изборот на селекторот, односно дека има многу нови играчи.

„Не знам зошто се прави толку врева кога немаме нови играчи. Само тројца не сум повикувал, додека останатите сите горе доле беа дел од националниот тим додека сум јас селектор. Затоа не се согласувам со тоа. Овие играчи го носеле дресот на репрезентацијата и мислам дека ќе немаме проблеми околу адаптацијата. Нормално е да имаме нови по една година во која резултатите беа под очекувањата. Во целина во овој состав го има она што го барам“, коментира Ѓуровски.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...