Специјална вечер за Челзи

Поразот претрпен пред две недели во Украина ќе биде голем мотив за фудбалерите на Челзи да стигнат до триумф на дуелот со Шахтјор во 4. коло од Лигата на шампионите. Во Лондон сe е подготвено за славење по мечот, а доколку сe оди според планот за "сините" тогаш не би требало да има никакви проблеми.

Сезонава Челзи на домашен терен игра речиси перфектно.
"Ова ќе биде посебна вечер за нас. Мислам дека нема да се повтори играта од првиот меч против Шахтјор кога во Украина не можевме да одиграме речиси ништо бидејќи немавме свој ден. Сега работата е поинаква. Дома играме далеку подобро и дефинитивно сме многу посилни. Треба да тргнеме уште рано во напад и да пробаме да дојдеме до водство. Ќе ни биде тешко, но не смееме да дозволиме да ни се случи истото од првиот меч кога Шахтјор рано поведе и потоа играше со контранапади", вели тренерот на Челзи, Роберто ди Матео.

На сите им е јасно дека денеска не смеат да загубат. Челзи сака да стигне до три бода за да може да ги задржи шансите за првото место во групата. Реми или пораз ќе го постават тимот од Лондон на 3. место, а со оглед на тоа дека мора да гостува во Торино јасно е дека ќе биде тешко да се обезбеди нешто повеќе потоа. Затоа денеска сите сили се насочуваат кон триумф.

"Ова е клучен меч за нас доколку сакаме да завршиме на првата позиција во групата. Загубивме на мечот во Украина, но тоа не значи ништо. Едноставно мораме да нападнеме и да се обидеме да дојдеме до три бода. Самите решаваме за својата судбина", коментира Хуан Мата.

Што се однесува до составот од Украина, од таму се најавува битка за нови бодови и целта е од Лондон да се вратат непоразени. Оној што најдобро го познава менталитетот на Челзи е натурализираниот репрезентативец на Хрватска, Едуардо да Силва, кој до 2010 година го носеше дресот на Арсенал.

"За мене е секогаш убаво да се вратам во Лондон. Минав неколку прекрасни години во редовите на Арсенал така што премногу сакам да се најдам на терен против Челзи. Ова е можност и за нас како тим да докажеме дека сме силни. Играме против актуелниот освојувач на Лигата на шампионите и, секако, тоа е голем предизвик за сите нас да докажеме дека вредиме и дека имаме добар тим. И кога играв за Арсенал секогаш сакав да постигнувам голови на Стемфорд Бриџ, па се надевам дека денеска ќе ми се исполни таа желба", вели Едуардо да Силва.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
* * *
Си биле две крави, едната рекла Муууууу, што рекал другата?
- Пу, ми го зема зборот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1799 - Умре Пјер - Огистен Карон де Бомарше,...
1800.- Умре рускиот генералисимус Александар...
1803.- Велика Британија и објави војна на...
1804.- Наполеон Бонапарта се прогласи за цар на...