Розберг не се дава така лесно

Нико Розберг го помина освојувачот на пол-позицијата, колегата Луис Хамилтон, на стартот за потоа сигурно да стигне до победа на Австриското ГП, кое беше одбележано со неверојатниот судир на Фернандо Алонсо и Кими Раиконен.



За Розберг ова е трета победа оваа сезона и 11. во кариерата, но втора во низа на Ред Бул Ринг по кам-бекот минатата година, и сега тој е на само 10 поени зад Луис Хамилтон. Победата беше целосно заслужена бидејќи тој беше одличен во текот на целиот викенд со исклучок на саботните квалификации и сигурно е дека Хамилтон нема да има лесна задача да ја одбрани титулата оваа година.

„Стартот ја одлучи трката. Имав фантастичен старт и успеав да ја одбранам позицијата во првите неколку кривини. Среќен сум со болидот и беше убаво да се види како Луис е зад мене“, вели Розберг.

Розберг има добра причина да биде среќен бидејќи го победува Хамилтон третпат во последните четири трки.

„Можев да одам до максимум од првиот до последниот круг. Оваа година сум малку подобар во трките од лани“, вели Розберг, кој минатата година победи од третото место на стартот.

Седмата пол-позиција во осум трки на Хамилтон не беше доволна за актуелниот шампион, кој доби казна од 5 секунди за неправилно излегување од боксот.

„Нико заврши фантастична работа денеска. Имав лош старт и потоа сè беше загубено“, признава Хамилтон.

Третото место отиде кај Фелипе Маса во Вилијамс, кој ја искористи грешката на тимот на Ферари при влегувањето во боксот на Себастијан Фетел, кој во финишот на трката не успеа да го помине Бразилецот. Валтери Ботас со петтото место во вториот Вилијамс покажа дека англискиот тим полека се враќа во форма.



„Имав одлична трка денес и успеавме да го победиме Себастијан поради неговите проблеми. Мојот син ми кажа дека ќе бидам трет денеска и беше во право“, вели 34-годишниот Маса, кој сега има 40 подиуми во кариерата и ја помина границата од 1.000 поени.

Зад Ботас заврши победникот од „24 Часа Ле Ман“, Нико Хулкенберг (Форс Индија), по што следуваа Пастор Малдонадо (Лотус), Макс Ферстапен (Торо Росо) и Серхио Перез (Форс Индија).

Домашната трка беше нов кошмар за тимот на Ред Бул откако Даниел Рикијардо освои еден поен со 10. место, додека Данил Квјат беше 12.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...