Таг Хојер и Мекларен „раскинаа“

Швајцарскиот производител на часовници „Таг Хојер“ објави дека ќе заврши со своето долгогодишно партнерство со тимот на Мекларен и од следната година ќе биде спонзор на Ред Бул Рејсинг.

Зачудувачката одлука ја објави шефот на компанијата, Жан-Клод Бивер. „Таг Хојер“ е најстариот партнер на Мекларен, бидејќи двете компании оваа година прославија 30-годишнина од почетокот на соработката.



„Да, од следната година имаме договор со Ред Бул Рејсинг. Се работи за млад и динамичен тим, кој совршено се вклопува во стратегијата на ТАГ Хојер“, изјави Бивер.

„Таг Хојер“ е во сопственост на ТАГ групацијата, која поседува дури 25 отсто од Мекларен групацијата, матичната компанија на Мекларен. Тимот од Вокинг има неславна сезона, откако почетоците на соработката со Хонда беа одбележани со откажувања на моторите и големо заостанување зад големите тимови. Мекларен е само деветти во генерален пласман, и зад нив се само Мејнор-Марусја.

„Партнерството на Мекларен со Таг Хојер беше едно од најуспешните и најдолгорочните спонзорства во историјата на спортот. Тоа траеше 30 години, период во кој двете страни заедно стигнаа до големи успеси. Им благодариме за долгото партнерство и за добро завршената работа“, изјави портпаролот на Мекларен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...