Ф1 возачите сакаат полу-затворен кокпит

Претседателот на Асоцијацијата на ГП возачи (ГПДА), Александер Вурц, вели дека возачите едногласно се согласиле да има „брза имплементација“ на модели за заштита на главата на Ф1 возачите.

Покрај тоа, 41-годишниот Австриец вели дека возачите се подготвени да му помогнат на Пирели да конструира пневматици за „тркање со максимален напад“. Јавна тајна е дека возачите не се задоволни од сегашните гуми бидејќи не можат да одат до максимум, меѓутоа од ФИА им порачуваат дека јавно не треба да зборуваат за тоа.

ФИА подолго време бара начин за заштита на главата на возачите, посебно од фронтални удари, меѓутоа темата стана посебно актуелна откако минатиот јули поранешниот возач на Марусја, Жил Бјанки почина од сериозни повреди на главата по судирот на Јапонското ГП 10 месеци претходно. Само еден месец подоцна, поранешниот Ф1 возач Џастин Вилсон загина во Инди Кар трка откако беше удрен од делови на друг болид.

Неколку идеи за заштита на главата беа тестирани лани и Вурц, во интервју за Би-Би-Си, вели дека проектот „Хејло“ (ореол) на Мерцедес е прифатлив. Во овој концепт две шипки одат од задниот дел на болидот преку главата на возачот.

„Експертите на ФИА направија истражување и процесот донесе јасно решение. Сега возачите сакаат да се имплементира ова најдоцна во 2017 година. Ќе бидат потребни промени на шасијата, но не гледам зошто тоа би било проблем“, изјави Вурц.

Идејата ќе биде разгледувана на состанокот на техничките лидери на Ф1 во петок, кога ФИА исто така планира да направи прогрес околу усогласување на серија промени со кои болидите треба да се направат побрзи и поатрактивни од 2017 година.

Околу гумите во спортот, изборот на Пирели беше контроверзен уште од влезот во Ф1 во 2011 година бидејќи се промовираше спорт во кој грижењето за гумите стана една од главните грижи на најдобрите возачи на светот. Според Вурц, сите возачи се едногласни во барањето на промени.

„Нормално, сите сакаат гуми со кои ќе можат да извлечат сè што е можно од овие неверојатно брзи тркачки машини, бидејќи Ф1 е тоа, врвот на моторспортот. Возачите би сакале од Пирели да добијат гума која ќе биде побрза на кривините, но и да остена безбедна. Ако имаме добри гуми, имаме среќни возачи, а среќни возачи значи искрени перформанси на патеката, јасна порака дека се оди до максимум. Според анкетите на публиката, и фановите го сакаат тоа“, вели Вурц.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...