Ред Бул: „Тешко до победа над Мерцедес“

Ред Бул признаваат дека најдобрата шанса за нова победа оваа година под нормални услови веќе е зад нив по Сингапур ГП трката, но додаваат дека сè уште може да има можности за победа доколку се случи нешто непредвидливо на последните шест трки од сезоната.

Даниел Рикијардо беше многу блиску до победа на Сингапур ГП трката откако во финишот на трката на нови гуми бргу ја намалуваше предноста на Нико Розберг во Мерцедес, но на крајот таа остана на половина секунда.



Патеката „Марина беј“ требаше да биде најдобра шанса за Ред Бул да додадат на деби-победата на Макс Ферстапен на Шпанското ГП во мај, но иако го помина Луис Хамилтон, Рикијардо не можеше против Розберг, кој имаше совршена трка.

На календарот остануваат патеките како Сепанг и Сузука, каде што е потребна голема надолна сила, еден од адутите на Ред Бул, но тие патеки имаат и многу рамни делови, на кои Мерцедес доминира. Токму затоа шефот на тимот, Кристијан Хорнер признава дека ќе биде потребно нешто посебно и неочекувано за победа пред „Сребрената стрела“.

„Бевме навистина блиску во Сингапур. Само половина секунда ни недостасуваше за да победевме еден Мерцедес во фер-битка. Се надевам дека ќе имаме вакви шанси во следните шест трки, но Мерцедес се толку силни на сите тие патеки. Ќе мораме да чекаме нешто поинаку, како временски услови, деградација на гумите или слично“, вели Хорнер.

Англичанецот исто така инсистираше дека не постоеја тимски наредби на трката во Сингапур за интересниот дуел меѓу Данил Квјат и Макс Ферстапен, откако Холанѓанецот го смени Русинот на почетокот на сезоната. Квјат имаше еден од најдобрите викенди по враќањето во Торо Росо и успеа да го задржи Ферстапен зад него, иако преку радиото му беше порачано дека се бори со Фернандо Алонсо во Мекларен за позиција.

„Тоа не беше кодирано за тимска порака. Тие се тркаа за позиција. Поените за Торо Росо се исто толку вредни како и за нас и се сомневам дека Квјат би нè послушал нас. Тоа беше добро тркање меѓу двајца возачи. Се бореа за свои поени. Дени беше цврст, но фер и немавме никаков проблем со тоа“, изјави Хорнер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...