Кими: „Страдавме бидејќи не се боревме за титула“

Неуспехот на Ферари да биде сериозен предизвикувач на Мерцедес во Формула 1 донесе „страдање“ во италијанскиот тим, вели нивниот возач Кими Раиконен. Очекувањата во Маранело беа огромни во 2016 по трите победи во 2015 и блиската борба со Мерцедес во финишот на сезоната, но тоа не се случи и Ферари паднаа на третото место во генерален пласман дури зад Ред Бул.

„Страдавме и продолживме да работиме напорно да го извлечеме максимумот, но ова дефинитивно не беа резултатите кои ги посакувавме и очекувавме. Благодарение на момците во фабриката продолживме со растот во текот на сезоната и затоа мислам дека сме во далеку посилна ситуација од минатата сезона. Се надевам дека следната година ќе им дадеме вистинска борба на фановите“, вели Раиконен.

Самиот Финец имаше подобрена форма во 2016 со шестото место во генерален пласман со 26 поени помалку од колегата Себастијан Фетел, откако лани заостануваше дури 128 поени.

„Ако споредам со последните две години, да, бев подобар, но не можам да бидам среќен со овој пласман. Имаше добри работи, но резултатот не беше тука. Ако се погледне каде завршив оваа сезона, како би можел да бидам задоволен со шесто место во генерален пласман“, вели Раиконен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...