Мекларен: „Во Хонда недостатува Ф1 култура“

Ретко кој Ф1 фан не е загрижен за перформансите на Мекларен во 2017 година, без разлика дали го сака тимот. Вториот најстар и најуспешен тим имаше хорор-тест во Барселона откако новиот мотор на Хонда се покажа како недоверлив и недоволно брз. Хонда не го направија ветениот прогрес, по што се зголемија шпекулациите дека Мекларен би можеле да побараат спас кај старите партнери Мерцедес.

Рон Денис, поранешниот шеф на Мекларен, успеа да го привлече јапонскиот гигант Хонда да склучат ексклузивен договор за партнерство кој носи големи пари за англиската компанија. Меѓутоа, уште тогаш тој предупреди дека разликата на менталитетот во Мекларен и Хонда е огромна и дека е потребно време партнерството да „порасне“.

Сега, без Денис во тимот и со новите проблеми на Хонда и тркачкиот директор на тимот, Ерик Булие признава дека проблемите се исти.

„На Хонда ѝ е потребна една работа, да ја сфатат и да ја интегрираат Ф1 тркачката култура. Што мислам со тоа. Начинот на кој се однесуваме во Формула 1 се движи според календарот, со фиксирани цели, датуми... Секогаш се обидуваме да го најдеме најдоброто решение што е можно побргу. Кога производител на автомобили го води проектот, можете да имате одложувања од неколку недели и тоа нема да го смени продуктот, така што останува тој бизнис-модел. Во тркањето, ако не ги донесете најдобрите работи на првата трка, нема да бидете никаде. Тоа е тркачки менталитет. Ние го цениме времето многу повеќе од парите. Ова е поинаков пристап од остатокот на светот“, вели Булие.

Французинот, сепак, ги отфрли шпекулациите дека тие сакаат прекин на соработката. Проблемот е што партнерството се движи со брзина на јапонска корпорација, наместо со брзина на англиски тркачки тим. Булие сака едниствено поголема интеграција.

„Затоа Мерцедес имаат седиште во Англија, за да добиваат предност поради луѓето со искуство во Ф1. Нашите снабдувачи можеби чинат двапати поскапо од тие на Хонда, но затоа се четири или пет пати побрзи. Корпоративниот менталитет не помага во ефикасноста. Ако функционирате како корпорација, тогаш сте спори и тоа не е прифатливо за Ф1“, додава Булие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...