„Студена војна“ во Ферари?

Ферари, по сите показатели, имаше недела за сеќавање во Монако. Себастијан Фетел го победи Кими Раиконен за 1-2 победа на патеката на која Ферари немаше победа од 2001 година и времето на Михаел Шумахер, за во исто време да ја зголеми предноста пред Луис Хамилтон на 25 поени, а Скудерија да го помине Мерцедес на врвот во пласман на конструктори.

Меѓутоа, тимот, според некои аналитичари, се наоѓа пред „студена војна“ меѓу Фетел и Раиконен, поради тоа што Ферари, наводно, го фаворизирал Фетел оставајќи го пет круга повеќе на патеката, доволно да го помине Раиконен со стратегија на патеката на која престигнувањата се реткост.



„Тие, конечно, се во позиција како во минатото, кога имаат 1-2 победа и мораат да објаснуваат зошто некој возач победил“, се пошегува шефот на Мерцедес, Тото Волф, чии возачи беа на четвртото и на седмото место по тешкиот викенд.

Сепак, дури и Волф не верува дека резултатот е „наместен“, туку дека тимот едноставно не знаел како ќе реагираат меките и ултрамеките гуми.

„Прво, тие целосно ја заслужија победата и им честитаме. Перформансите на гумите беа нејасни и мораа да внесат еден од двајцата возачи на супермеки гуми, кои, очигледно, не се однесуваа најдобро. Себастијан подобро се снајде со ултрамеки гуми, и затоа победи. Не верувам дека го ’суредија’ резултатот“, вели Волф.

По трката беше јасно дека Раиконен воопшто не е задоволен од исходот на трката, а слично и во Ред бул, Макс Ферстапен беше лут што беше поминат од колегата Даниел Рикијардо во слична ситуација со влегување во боксот.

„Тој што е напред, обично ја има предноста, така што Кими прв влезе во боксот. Не верувам дека Даниел имаше предност пред Макс пред трката. Но, непишано правило е тој што е напред на квалификациите, добива приоритет при влегувањето во боксот. Ова е една од ретките трки каде што ситуацијата беше обратна. Сфаќам зошто Кими не е среќен и сигурно и јас би се чувствувал така“, вели Фетел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...