Годината за Алонсо засега е фантастична!

Иако поголемиот дел од трите сезони со Мекларен ги поминува во барање на подобри пефроманси, Фернандо Алонсо вели дека и покрај предизвиците во 2017 година за неговиот тим, на лично ниво имал „фантастична година“.

Мекларен има само 11 освоени поени за да се на претпоследното место во генерален пласман, меѓутоа Алонсо вели дека вози најконкурентно во последните неколку сезони и ужива во возењето на новата генерација на побрзи болиди. Тој исто така имаше настап на Индијанаполис 500, каде што имаше шанси за победа пред да му откаже моторот во финишот на трката.

„Како тим не можеме да бидеме среќни од досегашната сезона. Лани нормално влегувавме во последните квалификации и имавме просечна позиција од деветто или десетто место, а оваа година тоа ние проблем. Но, на лично ниво, ова беше многу добра сезона за мене. Со ре-дизајнираните болиди можам повторно да возам во свој стил, се чувствувам многу поконкурентно. Имав настап на Инди 500 што беше прекрасно, картинг-патеката која ја поседувам е одлична, така што немам многу причини за жалење“, изјави Алонсо.

Главниот проблем на Мекларен останува непостојаноста и слабите перформанси на моторот на Хонда, иако јапонскиот производител покажа прогрес последните две-три трки и најави дека до крајот на сезоната ќе има „израмнет“ мотор барем со Рено.

„Не можеме да бидеме задоволни од перформансите и постојаноста. Ако мораме да оценуваме по половина сезона, не сме таму каде што посакуваме. Имаме амбиција да завршиме подобра работа од лани“, вели тркачкиот директор на Мекларен, Ерик Булие.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...