Монако го разбуди Мерцедес

Техничкиот директор на Мерцедес, Џејмс Елисон, вели дека слабата трка на неговиот тим во Монако помогнала тимот да се врати посилно во вториот дел од сезоната. Монако беше убедливо најслабата трка за Мерцедес оваа година откако Валтери Ботас беше четврти, а Луис Хамилтон заврши на седмото место.

До тој момент, Мерцедес имаше три победи на пет трки и иако Ферари победи во Австралија и во Бахреин, Хамилтон и Ботас беа на подиумите покрај него на двете трки. Но, во Монако се открија сите слабости на В08-болидот.

„Монако е патека на која малку од нашите добри делови се покажаа, но затоа ја видовме грдата слика на болидот. Тоа ни помогна да се фокусираме на проблемите и да ги решиме. Пред Монако, имавме победи и бевме на пол-позицијата на речиси сите трки. Беше јасно дека имаме брз болид. Тогаш си кажувате дека сѐ ќе биде во ред и се залажувате. Искуството секогаш многу вреди“, вели Елисон.

И покрај тоа што тимот не направи некои големи подобрувања за Канадското ГП, Мерцедес одеднаш доминира. Хамилтон победи со 20 секунди разлика. Шефот на тимот, Тото Волф, се согласува со Елисон и вели дека трката во Монако е „најкорисната“ досега, споредувајќи ја со онаа во Сингапур, во 2015 година.

„Импресиониран сум од начинот на кој тимот ги реши проблемите. Но, тоа е наша работа секој викенд. Постојано има тешки моменти, кои не се видливи за јавноста“, додава Волф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...