Работите ќе станат појасни кога ќе завршат првите четири трки

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон смета дека се уште е рано да се прават генерални заклучоци за односот на силите во Формула 1.

Британецот неочекувано ја изгуби трката во Австралија, но повеќе експерти сметаат дека Мерцедес има предност пред останатите. Сепак, светскиот шампион останува претпазлив.

- Од искуството што го имам, работите ќе станат појасни кога ќе завршат првите четири трки. Сега помина само една, па немам идеја. Претстои битка во Бахреин, каде што секој ќе има потешкотии. Ферари ќе биде силен на правците, и тие се традиционално на високо ниво. Иако трката ќе се одржи навечер, сепак ќе биде многу тешка поради гумите. Затоа навистина немам идеја. Сигурен сум дека, сепак, разликите се мали, изјави Хамилтон.

Актуелниот шампион верува дека неговиот клубски колега, Валтери Ботас ќе го надмине лошиот почеток на кампањата, откако доживеа несреќа во квалификациите за ГП на Австралија и остана само осми во трката.

- Овој пат битката беше еден против двајца, затоа не беше лесно. Убеден сум дека, сепак, Валтери вложува сериозни напори за да се врати во челото и да се вмеша во борбата. Тој ќе се бори за победи и за нас е важно и двата наши автомобила да се во челото, бидејќи конкуренцијата е навистина сериозна, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...