Лино за тебе Раул е ракометен доктор по науки

Ракометен Вардар го слави најголемиот успех во својата историја. Стигнаа „црвено-црните“ до европскиот врв, ја освоија Лигата на Шампионите.

Но тоа е се чини „недоволно“ за некои, луѓе спремни веднаш да возвратат, да почнат со ниски удари. Еден од нив и тоа како добро познат на македонската ракометна јавност.

Човек за кој малку беше веројатно дека ќе реагира на таков начин.

Станува збор за Лино Червар, актуелниот тренер на Металург, и до пред извесно време дури и селектор на Македонија, кој за медиумите во неговата Хрватска, даде една помалку дискутабилна изјава.

Или онаа во која се пофали дека е тој човекот што ги измислил новите европски шампиони, сега дел од Вардар, играчи како Борозан, Циндриќ, и Марсениќ.

Но, изгледа дека во оваа прилика хрватскиот ракометен стручњак како да подзаборави дека не е воопшто спортски, пред се, да се земаат привилегии на својата страна. Дека е во најмала рака нечовечки да се удира во гради, а на сметка на туѓ, успех, во овој случај вардаровиот и походот на самиот врв на ракометна Европа.

Оттаму и револтот од страна на Вардар, од Јордан Камчев, кој беше дел од експедицијата на Вардар на фајнал-форот“ во Келн, и кој одлучи да му „врати“ на стратегот од Хрватска за овие непристојни и неумесни, пред се, коментари

„Господине Червар, вие сте добар тренер, но само за екипи како Металург, Барселона и ПСЖ, кои можатда му носат вода на Вардар. И да беше Лино толку добар колку што си самобендисан, Македонија досега ќе беше на ЕП. Но за жал, твоето ’знаење’ сега треба да го оправа Раул Гонзалес. Лино, Раул е за тебе ракометен доктор по науки“.

Исто така, ти си добар да му ги земаш парите на Минчо Јорданов, и да му продаваш вили на Хвар. И на тебе, и на сите такви како тебе, треба да ви биде јасно дека Вардар е институција, Вардар е европски шампион, Вардар е Македонија. И тоа дека Сергеј Самсоненмко за сите вас е крал“- порачува Камчев.

Но тука и не запира во својата реакција...

„Вие може само да сонувате ваков клупски успех каков што го направи Вардар. А лично вие треба да се помирите со тоа, и пред се, спортски да честитате, како што тоа го направи вашиот клуб, а најмалку што треба да правите во овој момент е да се фалите, да се китите со заслуги и успеси на некој друг клуб“- му порача Камчев на Хрватот кој е во „фаза на заминување“од клупата на тимот од Автокоманда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...