Азаренка „излета“ од Ролан Гарос

Викторија Азаренка излета во четвртото коло на Францускиот Опен во неделата и може да го загуби првото место на ВТА листата. Светската тенисерка број 1 од Белорусија загуби од словачката 15. носителка, Доминика Цибулкова, и сега мора да чека да види дали Марија Шарапова ќе биде новиот број 1, за што треба да стигне барем до финалето.

Цибулкова, која пред три години стигна до полуфиналето во Париз, но имаше седум порази во осумте претходни дуели со Азаренка, успеа да го добие мечот со 6:2/7:6 со својот втор меч поен. Расположението на Азаренка не беше најдобро на прес-конференцијата по мечот, кога на прашање како ќе се врати по ваков пораз, саркастично изјави: "Ќе се убијам!".

"Што тргна наопаку? Речиси се! Не знам како да го опишам овој меч. Не бев задоволна што играв тенис, но се случуваат и вакви денови. Се обидував да направам нешто, но на крајот само чекав таа да направи грешка ", вели Азаренка, која нема да игра на друг турнир до Вимблдон.

Италијанката Сара Ерани успеа да елиминира втор Ролан Гарос шампион во две рунди, откако со 6:0/7:5 ја совлада Русинката Светлана Кузнецова за прво четвртфинале во Париз.

"Навистина сакам да видам до каде можам да одам оваа година", вели специјалистката за игра на земја, која во претходното коло ја елиминираше шампионката од 2008, Србинката Ана Ивановиќ.

Кузнецова, шампионката од 2009, вели дека облаците над Париз влијаеа на нејзината игра.

"Денес времето беше навистина лошо, и ми студеше во текот на целиот меч. Беше тешко да се движам", вели Русинката, која почна да работи со стариот тренер на Марат Сафин, Хернан Гуми една недела пред турнирот.

Ерани сега ќе игра со уште една тенисерка која првпат е во четвртфиналето, 10. носителка од Германија, Анжелике Кербер, која со 6:3/7:5 ја совлада Хрватката Петра Мартиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...