Надал-експресно во Париз, Ли во аут

Шампионот Рафаел Надал го уништи аргентинскиот 13. носител Хуан Монако со страшна 6:2/6:0/6:0 победа за пласман во четвртфиналето. Надал, кој се обидува да стане првиот човек со седум Ролан Гарос титули губеше од Монако со 2:1 во првиот сет пред да освои неверојатни 17 гема за да остане непоразен на Сузан Ленглен теренот од дебито во 2005.

Монако започна остро, но набргу "удри" во ѕид, и Шпанецот го комплетираше триумфот за само 1 час и 46 минути за да обезбеди дуел со својот сонародник Николас Алмагро, кој со 6:4/6:4/6:4 го елиминираше осмиот носител, Јанко Типсаревиќ.

Локалниот фаворит Жо-Вилфрид Цонга стигна до четвртфиналето првпат во кариерата со 6:4/7:6/3:6/3:6/6:4 победа над 18. носител, Швајцарецот Станислав Вавринка. Петтиот носител водеше со 4:2 во одлучувачкиот сет кога мечот беше прекинат поради темница во неделата, и започна лошо губејќи на свој сервис. Цонга, кој е последниот Французин со гренд слем финале (Австралискиот Опен 2008), врати брејк за да обезбеди дуел со светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ.

Во уште еден прекинат меч од неделата, Хуан Мартин Дел Потро ја доби големата битка со Томаш Бердих со 7:6/1:6/6:3/7:5 за дуел со Рожер Федерер

"Денес станав со многу позитивно чувство и знаев дека ова е мој ден. Ќе излезам на теренот и против Рожер со агресивна игра", вели Дел Потро.

Енди Мареј се врати од еден сет негатива за со фантастичен финиш со 1:6/6:4/6:1/6:2 да го совлада Французинот Ришар Гаске и да обезбеди вистински тест во четвртфиналето против Шпанецот Давид Ферер.

ШВЕДОВА ЈА ШОКИРАШЕ ЛИ

Надежите на Ли На за одбрана на титулата од Ролан Гарос завршија по поразот од квалификантката од Казахстан, Јарослава Шведова. Светската тенисерка број 142. го искористи лошото време и спектакуларниот пад на формата на Ли за да победи со 3:6/6:2/6:0.

Откако го освои првиот сет, Кинеската имаше вистински колапс, освојувајќи само два гема од следните 14, правејќи 41 неизнудена грешка во меч кој го имаше во џебот. Условите на Сузан Ленглен теренот го направија сервисот тежок за двете тенисерки, но агресивната игра на Казахстанката беше клучот за победата.

"Ништо посебно не се случи. Се обидов да го враќам топчето во игра, но не можев. Сега сакам да се опуштам и не мислам дека имав лоша сезона на земја. Не сум машина", изјави Ли.

Шведова, која освои гренд слем титули во двојки на Вимблдон и УС Опен во 2010 немаше загубено сет во текот на турнирот, за неверојатен успех откако лани се опоравуваше од операцијата на коленото играјќи на фјучурс турнирите. Следна за неа е уште една гренд слем шампионка, таа од Вимблдон, Чехинката Петра Квитова, која со 6:2/6:1 ја "збриша" Американката Варвара Лепченко.

"Ова е неверојатна победа за мене. Секогаш е убаво да се игра против најдобрите, бидејќи тогаш не постои притисок и секогаш одиш на победа", вели Шведова.

Марија Шарапова, која сега останува главна фаворитка за титулата за комплетирање на гренд слемот во кариерата, имаше тешка работа против 44-рангираната Чехинка Клара Закопалова, но се врати за 6:4/6:7/6:2 победа во меч кој траше 3 часа и 11 минути.

"Ова беше вистински тест за мене. Имав шанса да го завршам мечот во два сета, но ја загубив силата. Но, тоа не е важно и сега сум во четвртфиналето", вели Русинката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...