Швајцарецот Роџер Федерер, на мечот против Хуан Мартин дел Потро во рамките на Ролан Гарос губеше со 2-0 во сетови, и разбирливо беше видно нервозен.
Но, уште повеќе го изнервира непозната жена од публиката која во еден момент извика „аут“ за топчето кое го удри, па гласно и се развика да замолчи.

Камерите кои го снимаа мечот успеаа да снимат нервозниот Федерер како извикува Shut Up! но тенисерот по исцрпувачки 5 сета, сепак успеа да го победи Хуан Мартин дел Потро со 3-6, 6-7 (4), 6-2, 6-0, 6-3.
Погледнете ја реакцијата на Федерер.