Надал безмилосен, мега-дуел Шарапова-Квитова

Ниту Николас Алмагро не можеше да направи ништо против Рафаел Надал на неговиот омилен турнир. Актуелниот шампион го совлада шпанскиот сонародник со 7:6(4)/6:2/6:3 за да дојде на само две победи од рекордната седма титула на црвената земја во Париз.

Надал, кој го дели рекордот на Францускиот Опен со Швеѓанецот Бјорн Борг нема загубено сет во првите пет меча оваа година, а против 12. носител Алмагро беше соочен со 4 брејк поени, но ги спаси сите. Шпанецот има неверојатен 50-1 скор во кариерата на турнирот, со единствениот пораз од Робин Содерлинг во четвртото коло во 2009.

"Јас само се обидов да ги чекам моите моменти. Николас имаше добра игра, но мислам дека бев подобар", вели Надал.

Вклучувајќи ги двата часа и 46 минути против Алмагро, Надал има вкупно 10 часа и 37 минути на терените, во споредба со светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ кој потроши 8 часа и 27 минути само во последните два меча, победите во пет сета против Андреас Сепи и Жо-Вилфрид Цонга.

Во полуфиналето Надал го чека уште еден шпански противник, петтиот носител Давид Ферер, кој со 6:4/6:7(3)/6:3/6:2 го совлада Енди Мареј за свое прво полуфинале во Париз.

"Ќе биде навистина тешко против Рафа, бидејќи тој е најдобриот во историјата на оваа подлога. Се надевам на добар меч", вели Ферер.

Мареј, кој се обидуваше да стигне до второто полуфинале по ред на Францускиот Опен, успеа да ги издржи силните удари на својот противник, но направи дури 59 неизнудени грешки.

ШАРАПОВА: "КОЈА ДЕВОЈКА НЕ ГО САКА ПАРИЗ?"

Без разлика дали се работи за кафе, шопинг на Шам-Елизе или нова победа на црвената земја, Марија Шарапова вели дека ужива во годишните посети на Францускиот Опен.

"Која девојка не го сака Париз?", прашува Русинката.

Таа може да ја засака француската престолнина уште повеќе овој викенд, бидејќи и недостасуваат само две победи за комплетирање на гренд слемот во кариерата, по 6:2/6:3 победата над Естонката Каја Канепи во полуфиналето.

На втората носителка и беа потребни само 74 минути да ја совлада 23. носителка, многу полесно отколку во претходниот дуел со Клара Закопалова за кој и беа потребни повеќе од три часа.

"Мислам дека навистина играв многу подобро", вели Шарапова.

Следна на патот е шампионката од Вимблдон, Чехинката Петра Квитова која ја сопре победничката серија на 142-рангираната казахстанска квалификантка Јарослава Шведова со 3:6/6:2/6:4 победа. Шарапова води во нивните меѓусебни дуели со 3:2, меѓутоа Квитова ја совлада Русинката во финалето на Вимблдон, а Шарапова го доби мечот во Штутгарт на земја оваа година.

"Се надевам дека се сеќавам на нешто од Вимблдон, меѓутоа ова е сосема различен меч на земјена подлога", вели Квитова, за која ова е трето гренд слем полуфинале во последните четири.

Шарапова пак по третпат е во полуфиналето во Париз, по поразите минатата година и во 2007 година.

"Навистина сакам да се враќам во Париз, да го имам тој голем предизвик пред мене. Можеби оваа година ќе одам понатаму", вели Шарапова, која со пласман во финалето би требало да се врати на првото место на ВТА листата. Русинката ги има титулите од Вимблдон од 2004, УС Опен во 2006 и Австралискиот Опен во 2008.

Во второто полуфинале, шестата носителка Саманта Стосур ќе игра со 21. носителка Сара Ерани. Италијанката Ерани, за која ова е прво гренд слем полуфинале, продолжи и со својата специјалност - игра во двојки и заедно со сонародничката Роберта Винчи се во финалето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...