Само Ерани на патот на Шарапова

Марија Шарапова ја совлада шампионката од Вимблдон, Петра Квитова со 6:3/6:3 за да стигне до своето прво финале на Ролан Гарос во кариерата, да се врати на првото место на ВТА листата, и да дојде на само една победа од комплетирање на гренд слемот во кариерата.

Руската втора носителка, која двапати беше во полуфиналето во Париз во 2007 и 2011, сега ќе мора да се судри со изненадувањето на турнирот, италијанската 21. носителка, Сара Ерани, која ја "суреди" УС Опен шампионката Саманта Стосур за свое прво гренд слем финале. Двете тенисерки досега не се сретнале.

"Фанатастично е да се биде во првото финале во Париз. Веќе бев во две полуфиналиња, но секогаш сонував да излезам во сабота на главниот терен", вели Шарапова.

Со победата, Шарапова ќе ја помине Белорусинката Викторија Азаренка на првото место на ВТА листата, каде што последен пат беше во 2008 година.

"Тоа исто така е многу посебно. По операцијата на рамото во октомври 2008, бев надвор од топ 100, но и тогаш верував дека еден ден повторно ќе можам да бидам број 1", додава Русинката.

Шарапова, која ги има титулите од Вимблдон 2004, УС Опен 2006 и Австралискиот Опен во 2008 ќе стане само 10. тенисерка во историјата со гренд слем колекција ако го добие саботното финале. Но, таа признава дека ќе биде пеколно тешко против Ерани, која со 7:5/1:6/6:3 ја победи Стосур.

"Тоа ќе биде навистина тешко финале. Сара е фантастична на земја и знам дека ќе морам да играм многу добро", додава Шарапова.

Русинката, која има 1.88 центиметри и Квитова (само 5 центиметри пониска) се мачеа со прецизноста на ветерот на Филип Шартие теренот откако прво дождот го одложи стартот на нивниот меч. Но, Шарапова побргу ја адаптираше играта и не одеше на линиите и нејзината тактика се исплатеше. Таа направи брејк за 3:2 водство во првиот сет, по што уште еднаш направи брејк на стартот на вториот сет. Русинката имаше двојно повеќе директни победнички топки од Квитова и само девет неизнудени грешки. Чехинката Квитова, која ја победи Шарапова за титулата од Вимблдон минатата година признава дека Русинката била подобра.

"Марија ја има подобрено својата игра на земја. Таа беше многу подобра од мене и заслужува да биде во финалето. Се надевам дека следниот пат нема да сме во истата половина од ждрепката и ќе се сретнеме во финалето", вели Квитова.

Сара Ерани пак призна дека нема зборови да го опише чувството по пласманот во финалето. Италијанката ги искористи 48-те неизнудени грешки на Стосур и успеа да го надмине слабиот втор сет за импресивна победа.

"Ова е неверојатно за мене. Навистина не очекував да бидам тука и не знам што би кажала", изјави низ солзи Италијанката.

Со победата Ерани има две финалиња на Ролан Гарос, бидејќи заедно со својата сонародничка Роберта Винчи ќе игра за титулата во двојки против Русинките Марија Кириленко и Надја Петрова. Таа е првата тенисерка по Ким Клајстерс во 2003 да влезе во финалињата во сингл и во двојки во Париз.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...