Надал и Ѓоковиќ во историско финале

Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал поставија историско финале на Францускиот Опен во петокот по фантастичните полуфинални победи во два сета, потврдувајќи дека се "мајстори" на својата игра

Светскиот број 1, Ѓоковиќ со 6:4/7:5/6:3 го "уништи" Рожер Федерер за свое прво Ролан Гарос финале, додека шесткратниот шампион Надал, кој е втор носител, го "збриша" шпанскиот сонародник, Давид Ферер со 6:2/6:2/6:1.

Во недела, Србинот Ѓоковиќ може да влезе во историјата како трет човек кој ги имал во исто време сите четири гренд слем трофеи, додека победа за Надал, кој има 51-1 скор во Париз, значи дека тој ќе стане првиот тенисер со седум круни од Францускиот Опен, поминувајќи ја шведската легенда Бјорн Борг.

-Среќен сум што сум во финалето тука, и како и секогаш беше многу тешко да се игра против Рожер. Вистински сон е да се биде во финалето, но Рафа, кој секогаш блеска тука, е фаворитот, вели Ѓоковиќ, кому пред 12 месеци токму Федерер му ја прекина серијата од 43 победи во низа.

Ѓоковиќ и Федерер не изгледаа сигурно на патот до полуфиналето, откако Србинот се врати од два сета негатива за победа против Андреас Сепи во четвртото коло по што спаси четири меч топки против Жо-Вилфрид Цонга во четвртфиналето, додека Швајцарецот губеше два сета од Хуан Мартин Дел Потро во полуфиналето за да се врати со победа.

Швајцарскиот светски број 3 го заврши петочниот меч со некарактеристични 46 неизнудени грешки, иако дел од нив беа предизвикани од силниот ветер на Филип Шартие теренот, а исто така може да жали што двапати пропушти рани брејкови во првите два сета. Со поразот се заврши и надежта за Федерер да стигне до 24. гренд слем финале и 17. гренд слем титула. Негов последен голем трофеј е од Австралискиот Опен во 2010.

-Тој играше многу добро при тешки услови. Но, јас имав шанси и нема изговори. Се обидов да го освојам вториот сет и така ќе беше сосема поинаку, вели Федерер, кој водеше со 3:0 и 5:4 во вториот сет.

Надал пак го декласираше својот добар пријател Давид Ферер, по што се пофали дека тоа е еден од неговите најкомплетни мечеви во последно време. "Кралот на земјата" имаше проблем само на стартот на мечот, откако спаси две брејк топки во четвртиот гем пред да забрза за победа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...