НАТО ќе ја брани Турција

Член 5 од НАТО договорот може да се примени доколку НАТО ја нападне Турција, изјави американскиот мабасадот во Алијансата Иво Даалдер

Вашингтон, 9 мај 2012 (МИА) - Амбасадорот на САД во НАТО Иво Даалдер изјави дека примената на член 5 од договорот на Северноатлантската Алијанса може да биде разгледана во случај на напад врз Турција од страна на Сирија или од друга држава, пренесоа турските медиуми.

Даалдер посочи дека Турција ги информира земјите членки на НАТО за ситуацијата долж нејзината граница со Сирија. Тој додаде дека Турција досега не барала помош од НАТО во врска со напрегнатоста долж сириско-турската граница.

-Територијалната целовитост, политичката независност и суверенитетот на сите држави членки на НАТО е од првостепено значење. Основната мисија на НАТО е да ја заштитува територијата на нејзините земји членки, посочи Даалдер.

Ако биде извршен напад против Турција или против друга земја членка на НАТО, сите членки на Алијансата, вклучувајќи ги и САД, ќе бидат подготвени да одговорат на него, уште рече американскиот амбасадор во НАТО.

Даалдер додаде дека член 5 бил применет само еднаш во 63-годишната историја на НАТО, по нападите од 11 септември врз САД.

Според член 5, вооружениот напад против една од земјите членки на НАТО, каква што е Турција, ќе се смета за напад врз сите членки на Алијансата и дозволува употреба на вооружени сили.

Минатиот месец по престрелката од Сирија на турска територија беа ранети неколку лица, двајца Турци и сириски бегалци. Во врска со тоа турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека НАТО е одговорна за заштитата на границите на неговата земја. Турскиот премиер подвлече дека НАТО има обврски подготвено да дејствува на границите на Турција, согласно нејзниот член 5.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Новиот клиент го прашува адвокатот Трпе.
- Колку наплаќаш за услугите?
- 100 евра за три прашања.
- А бе, не е тоа малку скапо?
- Скапо е, ама тоа е. И, кое е твоето трето...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1926.- Во Лос Анџелес е родена Норма Џин...
1953.- Во Женева е основана Европската...
1974.- Умре Хуан Перон, аргентински политичар и...
1992.- Во Скопје е поставен камен - темелникот...