Не учествувам во влада во која полицијата го тепа народот

Премиерот на бугарската Влада Бојко Борисов соопшти денеска дека неговата Влада поднесува оставка заради протестите во државата предизвикани од зголемените цени на струјата и мерките за штедење.

Како што јавија бугарски медиуми, парламентот добил известување од Владата за оставката и утре како прва точка на расправа и ќе гласа за оставката на Кабинетот.

– Ќе ги исполнуваме функциите до избор на нова влада и ќе направиме се што е неопходно за обезбедување непречена работа на државните органи, се вели во соопштение испратено од Владата до Собранието.

– Имаме чест и достоинство. Народот не донесе на власт и ние власта денеска ја враќаме, изјави Борисов во Собранието.

Тој додаде дека нема да учествува во работа на преодна влада.

– Нема да учествувам во влада во која полицијата го тепа народот, наведе тој.

Борисов ја презеде власта во јули 2009 година. Редовните парламентарни избори треба да се одржат во јули. Според аналитичари во Бугарија, можно е гласањето да се одржи во крајот на април, јавува ДПА.

Бугарските пратеници денеска требаше да се изјаснат за реконструкција на Кабинетот предложена од Борисов, како и за оставката на министерот за финансии и заменик премиер Симеон Џанков. Него требаше да го замени министерот Томислав Дончев. Сепак, наместо реконструкција, Владата целосно се повлече.

- ГЕРБ ќе победи и на следните парламентарни избори со мнозинство, изјави Џанков по најавата на Борисов.
– Со објавување подготвеност за оставката на Кабинетот, премиерот Борисов покажа дека е вистински лидер, нагласи тој.

Во демонстрациите кои и вчера се одржаа во Софија, 11 луѓе беа повредени меѓу кои шест демонстранти кога се случи судир со полицијата.

– Пет полицајци и шест демонстранти се повредени, но никој не е сериозно повреден, изјави Валери Јорданов шеф на полицијата во Софија. Во полициски притвор се 11 луѓе, јавуваат бугарски медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...