"Граѓаните" го напаѓаат Бернабе

Дербито на првиот ден од новата сезона во Лигата на шампионите денеска се игра во Мадрид, а веројатно стартот не можеше да добие поубав меч. На терен излагаат шампионите на Шпанија и Англија, а тоа се двете најсилни лиги во моментов и од нив се очекува демонстрација на висок квалитет и одличен фудбал со многу погодоци.

И Реал и Манчестер Сити се екипи коишто знаат да играат ефикасно, но и знаат со одлична тактика да му пристапат на секој меч. Денеска се очекува многу тактизирање пред сe бидејќи се работи за двајца стручњаци кои биле на клупата на клубови кои негувале пред сe дефанзивна тактика.

Жозе Мурињо во минатото успевал да стигне до добри резултати против Сити додека го водеше Челзи, но тој тим на Манчестер и овој сега се сосема различни.

"Реал Мадрид е екипа со голема традиција. Овој тим веќе има девет титули во Лигата на шампионите. За да се дојде до десетиот трофеј едноставно мораме да бидеме на далеку повисоко ниво од средбите кои ги одигравме во Примера. Знаеме дека не е лесно, но ние немаме избор и едноставно мораме да тргнеме со сите сили на овој меч. Веројатно ќе има одредени измени во тимот со кој игравме досега, но тоа ќе се знае дури пред почетокот на средбата. Наше е денеска да го поправиме впечатокот кој го оставивме досега во сезонава. Очекувам да бидеме на повисоко ниво", вели Мурињо.

Ривалството со Манчини е секако големо, па се очекува и сега да се види на терен одличен фудбал. Италијанецот сака да се надигрува со големи тимови, но и да докаже дека има квалитет. Сето тоа е најава за добар фудбал и вечерва и напад за први бодови.

"Нашата цел денеска е да стигнеме до победа. Ние сме сигурни во нашите квалитети, но денеска ќе ни биде максимално тешко. Играме против еден од најсилните тимови во светот во моменто и немаме простор за опуштање. Возбуден сум пред овој меч и едноставно очекувам добар резултат. Знам дека момците ќе имаат мотив и се надевам дека на теренот ќе го покажат сиот квалитет", вели тренерот на Сити.

Тој ја има формулата за успех, но вели дека би му било драго ако Роналдо вечерва не биде во тимот на Реал Мадрид. Тој исто како и Мурињо знае како треба против англиските екипи, па затоа денеска се очекува да има многу надигрување.

"Ако Кристијано Роналдо остане на клупата денеска тоа ќе биде добро за нас. Тој и Лионел Меси се најтешките играчи за чување и се фудбалери кои во секој момент можат да направат проблеми на секој тим. Едноставно тие даваат голови на речиси секој натпревар и затоа денеска ние мораме да бидеме на врвно ниво за да успееме да стигнеме до добар резултат. Иако имаме проблеми со повредени играчи немаме избор. Денеска ќе се обидеме да дадеме максимум на теренот во Мадрид и да се избориме за добар резултат", вели Манчини.

Ова е прв од неколкуте дерби дуели кои ќе се играат од групата "Д", но дефинитивно и најинтересниот кои ќе ги донесе групната фаза од Лигата на шампионите.

Слаб интерес за Сити во Мадрид

На денешната средба меѓу екипите на Реал Мадрид и Манчестер Сити не се очекува преголема посетеност на трибините. Вчерашните информации говореа дека се останати дури 12.000 влезници така што вечерва би можело да има и многу празни места на "Бернабе". Цената на влезниците е од 50 до 195 евра, а ова може да биде шанса гостинските фанови да дојдат во што поголем број денеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...