Манчестер ќе "ограбува" милионери

Дербито на 2. коло од Лигата на шампионите се игра денеска, и тоа во Манчестер каде што составот на Сити го пречекува шампионот на Германија, Борусија Дортмунд. Ова практично е и пресметка на актуелните прваци на Англија и Германија, па затоа двобојот добива и една сосема друга димензија. Дефинитивно ова ќе биде меч за многу возбудувања и ќе донесе максимално големи возбудувања при што нијанси ќе одлучуваат за победникот.

"Уште по дознавањето на групата ние бевме свесни дека не очекуваат многу тешки натпревари. Овој против Борусија Дортмунд е голем испит за нас. Едноставно доколку сакаме да стигнеме до место во осминафиналето немаме право на грешка. Ние сме свесни за ова и пред својата публика едноставно мораме да нападнеме со сите сили. Подготвени сме за она што ни претстои и ќе направиме се за да успееме. Борусија Дортмунд е одличен состав, а фудбалерите од овој клуб се одлични во контранападите. Не очекува многу тежок натпревар, но ние сме подготвени за да успееме и очекуваме одлична претстава. Верувам во успех на моите момци", изјавува пред мечот менаџерот на Манчестер Сити, Манчини.

Еден од подобрите во составот на германскиот првак, Јакуб Блашчиковски очекува позитивен резултат на гостувањето во Манчестер.

"Со победата против Борусија Менхенгладбах успеавме да ја вратиме самодовербата. Мислам дека тоа беше многу добар натпревар за нас и верувам во добар резултат. Манчестер Сити е силен тим, но ние исто така имаме голем квалитет. Сето тоа е одлична најава за возбудлив меч во кој веруваме дека можеме до победа", коментира Блашчиковски.

Што се однесува до одбраната на Борусија, таа би можела да биде проблемот за гостите. Сепак, Хумелс и Суботиќ ќе мораат да бидат на високо ниво за да ги запрат налетите на домашните.

"Агуеро, Балотели, Тевез, Џеко... Сите тие се играчи со кои јас сакам да ги одмерам силите. Тоа се фудбалери коишто се имаат докажано досега и се навистина тешки за чување. Сепак, јас сакам да се докажувам и да им покажам на сите колку вредам во моментов", вели Суботиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...