Одличен фудбал, ремито најреално

Голманот на Манчестер Сити, Харт беше херој во многу неизвесниот дуел против Борусија Дортмунд. Шампионите на Англија и Германија одиграа интересна средба во која имаше само два гола. Бодовите беа поделени, па шанса за победа ќе се бара во следното коло.

Првото полувреме мина во интересна игра, со многу повеќе шанси за гол од страна на гостите. Борусија Дортмунд напаѓаше далеку повеќе и се обидуваше со сите сили за да се дојде до погодок. Само поради Харт составот на Сити успеа да остане на почетните 0:0. Во 30 минути тој имаше спасено четири зицери од кои два удари после одбраната завршија во статива или во пречка.

И на спротивната страна имаше расположен голман. Вајденфелер бранеше одлично и успеа да го спаси и својот тим од погодок така што и Манчестер Сити во своите неколку шанси не успеа да реализира.

Со ваквата игра до крајот на првото полувреме не можеше да се отвори резултатот, па на одмор се замина со почетните 0:0.

Второто полувреме беше сосема друга приказна. Гостите одново тргнаа силно и се обидоа да погодат. Чекаа грешка на одбраната на Сити и тоа го добија во 61. минута. Марко Ројз им избега на своите чувари, а откако го реши ова остана само да го матира Харт кој беше немоќен да одбрани.

Само неколку минути подоцна и Левандовски проби по средина каде што одбраната на Сити имаше најмногу проблеми. Изби сам пред Харт и му остана истата задача како и на Ројз, но овој пат голманот на Манчестер успеа да одбрани.

Во продолжението имаше по неколку шанси на двете страни, но никако не можеше да се дојде до нов погодок. Сето тоа не носеше промени на резултатот, а првата надеж пристигна во 88. минута. Агуеро биеше на неколку метри од голот на Вајденфелер, но Суботиќ играше со рака. Немаше дилеми и беше покажано на белата точка. Балотели кој влезе во вториот дел биеше смирено донесе 1:1 во последната минута од средбата.

Веќе во следнииот напад Левандовски можеше да донесе нова предност за тимот на Борусија, но се промовираше во трагичар на средбата бидејќи уште еднаш не реализираше односно Харт беше поуспешен од него. Според тоа како се играше двете екипи заслужија по еден поен, а таков беше и епилогот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...