"Кралевите" се готват за реванш

Дербито и во 4. коло одново се игра меѓу составите на Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а по победата на минатата средба за шампионот на Германија од 2:1 ова ќе биде меч на кој првакот на Шпанија ќе се обиде да се реваншира. Мурињо нема да менува премногу во тактиката, но дефинитивно ќе мора да го смени пристапот на неговите играчи кон натпреварот. Доколку успее да го направи тоа, тогаш на оваа средба не се очекува ништо друго освен победа за домашниот состав.

"Играта која ја прикажавме против Сарагоса денеска не смееме никако да ја повториме. Едноставно мораме да бидеме на далеку повисоко ниво. Ние победивме со 4:0 на тој меч, но денеска нема да имаме таков противник на теренот. Борусија е далеку посериозен ривал од кој загубивме на првиот меч. Затоа мораме далеку посериозно да му пристапиме на овој меч и да се обидеме да дојдеме до три бода. Само победа е наша опција за овој меч. Очекувам момците да одиграат далеку подобро од саботата и верувам во нив", вели Мурињо.

Гостите, пак, немаа добро претставување на последната средба во Германија. Сепак, тие се убедени дека може да го повторат истото од претходниот меч и одново да направат голем резултат.

"И пред одигрувањето на првиот меч против Реал Мадрид имавме лош настап во Бундес-лигата. Тогаш загубивме од екипата на Шалке 04, но потоа бевме доста убедливи во играта против кралскиот тим и дојдовме до триумф. Мислам дека и сега по ремито против Штутгарт можеме да се кренеме и во Мадрид да обезбедиме добар резултат", вели Гундоган.

13 ГОЛА ВО ЕДНА НЕДЕЛА

Напаѓачите на Реал Мадрид функционираа на високо ниво во последната седмица. Тие постигнаа дури 13 гола на три средби така што имаат одлична најава за реваншот против Борусија. Вечерва може да се очекува меч на кој ќе има многу погодоци.

ДИЛЕМА МЕЃУ МОДРИЌ И ЕСИЕН

Иако фудбалерот од Хрватска, Лука Модриќ е најавен во првиот тим на Реал Мадрид, сепак, Мурињо сe уште не е сигурен дали тој или, пак, Есиен ќе стартува на средбата. Дилемата е кој да му прави друштво на Чаби Алонсо, па останува да се види во последен момент за што ќе се одлучи Португалецот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...