Реми во Мадрид за возбудувања и во Манчестер

Составите на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед не успеаја да се изборат за предност за реваншот откако средбата донесе два гола и 1:1. Сè беше решено уште во првото полувреме така што сè ќе се решава дури на реваншот.

Уште од првата минута на средбата двете екипи наметнаа силно темпо. И Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед имаа свои шанси за да стигнат до предност. Сепак, играта која ветуваше голови во првата третина од првото полувреме не донесе загрозување на голот.

Првата шанса заврши со одбрана на Де Геа, кој успеа да одбие доволно за потоа топката да заврши во стативата. Меѓутоа неколку минути беа доволни за гостите да го отворат мечот. Голот падна преку Велбек кој беше на вистинското место во 20. минута при уфрлената топка од корнер. Тој скокна највисоко и го смени патот на топката. Лопез бранеше на прва, а топката заврши до втората статива и тоа беше 0:1.

Само десет минути беа потребни за нерешени 1:1. Роналдо беше играчот што успеа да донесе израмнување на резултатот откако Де Геа беше немоќен да го запре ударот иако беше на вистинското место.

До крајот на првиот дел не се смени ништо, а неколку убави шанси завршија со удари покрај голот.

Второто полувреме продолжи со динамичното темпо, но шансите ретко најавуваа погодок. Првиот удар го имаше Коентрао, но Де Геа успеа да одбрани во ракометен стил.

Манчестер својата шанса ја имаше преку Ван Перси, кој во една минута имаше две одлични шанси. Во 72. минута тој доби топка од Руни. Биеше силно, но голманот Диего Лопез беше на вистинското место. Ја одби топката која заврши во пречката и се врати во поле. Велбек успеа да дојде до неа, а после две додавања одново Ван Перси беше во шанса, но биеше млако и недоволно за погодок. Арбелоа ја врати во игра, па остана 1:1.

Де Геа беше херојот на Манчестер на овој меч бидејќи успеа да одбрани многу тешки топки со што го остави својот тим со шанса за да дојде до место во четвртфиналето. На крајот, пак, Ван Перси имаше нова можност, но Лопез исфрли во корнер, кој судијата не доволи да биде изведен, па во Англија ќе се оди со нерешени 1:1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...