Арсенал ја подготвува артилеријата за Баерн

Поинтересниот двобој од денешната програма во осминафиналето од Лигата на шампионите се игра во Лондон, каде што тимот на Арсенал е домаќин на ланскиот финалист, Баерн Минхен. „Баварците“ посакуваат ново финале во најсилниот куп, а во Лондон патуваат со желба да дојдат до победа и предност за реваншот што се игра по три недели.

ВЕНГЕР НАЈАВУВА ТИТУЛА ВО ЛШ

И додека Баерн планира како да дојде до триумф, домашните имаат своја тактика. Иако Венгер има проблем со неколку повредени играчи, па ќе мора да комбинира со Вермален на бековската позиција, сепак, оптимизмот е голем. Дури се најавува дека „топчиите“ може да дојдат и до освојување на Лигата на шампионите.

„Денеска ни претстои многу голем натпревар. Сите мисли ни се концентрирани на овој дуел и едноставно не смее да биде поинаку. Мораме да направиме сè што е во наша можност за да дојдеме до предност. Се надеваме во тоа дека ќе го поминеме Баерн, а доколку успееме во тоа тогаш можеме и да ја освоиме Лигата на шампионите“, вели менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Тој прави и споредба, каква е разликата од англискиот шампионат и ЛШ и објаснува каде е полесно да се игра.

„Ако се израмни овој турнир со Премиер лигата може добро да се види дека тука имаме многу поголеми шанси. Очекувам момците да излезат со сто проценти од своите можности и на теренот да го покажат најдоброто“, коментира Венгер пред двобојот против силните Германци.

„БАВАРЦИТЕ“ БАРААТ ПОБЕДА ВО ЛОНДОН

Од гостинскиот табор, пак, исто така се желни за победа и за пласман во следната рунда.

„Без разлика каде играме и кога, ние не смееме да размислуваме поинаку, освен на победа. Денеска од нас се очекува триумф и ние сме подготвени за тоа. Веруваме во нашиот квалитет и мислам дека можеме да се избориме за победа. Нашата цел е да дојдеме до предност за реваншот. Во мислите не ни е одмазда за финалето. Нема да се одмаздуваме на Арсенал затоа што лани загубивме од Челзи на наш терен. Ова е нов меч и ние очекуваме добра игра и победа“, изјавува Томас Милер, кој е еден од оние што во ЛШ секогаш играат со многу поголем мотив.

ХЕЈНКЕС Е ВНИМАТЕЛЕН

Тренерот на „баварците“, пак, не остава трага дека е разочаран што ова му се последни месеци на клупата на Баерн. Јуп Хејнкес сака да си замине со титули и сигурно денеска ќе направи сè за да ја завршат работата уште на првиот дуел.

„Арсенал е во добар ритам во последните неколку недели. И без тоа нашиот денешен противник е одличен тим. Имаат многу квалитетни фудбалери и затоа јас сум внимателен пред натпреварот. Ова е тим, кој никако не смее да биде потценет. Едноставно ние мораме да бидеме на потребното ниво. Мораме да го пронајдеме вистинскиот начин за да ги минеме, а мислам дека имаме доволно квалитетни фудбалери за да успееме во намерите“, изјави Хејнкес.

Доколку денеска има победник, тимот што ќе оствари позитива ќе има голема предност. Сепак, таа може да нема никакво значење бидејќи и двете екипи знаат да играат добро и пред својата публика, но и на противнички терен.

Натпреварот Арсенал- Баерн Минхен ќе можете да го проследите на Арена Спорт 3 каналот на MaxTV.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...