Гигантска пресметка за четвртфинале

По 1:1 на првиот меч одигран на „Сантијаго Бернабе“ денеска екипите на Манчестер Јунајтед и на Реал Мадрид ќе влезат во битка за место меѓу најдобрите осум екипи од Лигата на шампионите. Голот во гости е дефинитивно предност за Манчестер, но сигурно нема да значи ништо при оваа пресметка бидејќи Реал е тим со голема традиција и со фудбалери коишто знаат да играат еднакво добро и на свој и на туѓ терен.

РОНАЛДО ЌЕ ГО ЗАПИРААТ СО МАЧЕТА

Вечерва главната цел во тимот на Манчестер е како да се запре Кристијано Роналдо, играчот кој може сам да го реши победникот.

„Имам план како да го запреме Роналдо. Ќе го направиме тоа со мачета, а доколку тоа не ни успее тогаш ќе пробаме со автоматска пушка“, во шега коментираше менаџерот на Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

Тој дефинитивно е голем вљубеник во играта на Роналдо, но денеска ќе мора да игра против играчот кој му донесе многу успеси во минатото.

„Кристијано ќе има добар прием од страна на навивачите. Сите наши поранешни фудбалери, особено оние кои имале голем придонес за клубот додека играле во него секогаш добиваат топло добредојде. Тој сега е уште подобар играч бидејќи созреа. Има 28 години и се наоѓа на врвот на кариерата. Доколку го заобиколат повредите сигурно ќе биде најдобар на светот до 32 години“.

ФЕРГИ ЖАЛИ ЗА ПРОПУШТЕНОТО ОД МАДРИД

Фергусон жали за пропуштеното бидејќи смета дека на првиот меч Манчестер можел да дојде и до победа од неколку гола разлика. Сепак, пропуштеното од тој меч ќе треба сега да се надоместува.

„На првата средба очекувавме Реал да има многу поголема контрола на топката, односно да минува повеќе време со посед на топката. Тоа беше така само во одредени моменти од натпреварот. Сепак, ова не ме загрижува премногу. Тие не искористија многу од просторот кој им го оставаше нашата одбрана и едноставно си ја додаваа топката пред нашиот казнен простор. За нас тоа не беше никаков проблем. Сметам дека ние се држевме доста добро на теренот и мислам дека можевме да постигнеме 4-5 гола. Невообичаено е за Ван Перси да создаде две стопроцентни шанси и да не ги искористи. Меѓутоа, мора да се истакне дека и голманот на Реал имаше одлични одбрани. Велбек исто како и Ван Перси пропушти зицери. Ако успеевме во тоа сега ќе имавме мирен реванш“, изјавува Фергусон.

КАРАНКА ВЕРУВА ВО ДОБАР РЕЗУЛТАТ

Гостите, пак, се убедени дека ќе знаат како да дојдат до голот на својот противник и денеска да стигнат до позитивен резултат. Пред овој дуел „кралевите“ имаа два тешки натпревари против Барселона, а двете победи секако се голем плус и мотивот е зголемен.

„Сосема јасно е дека дуелите со Барселона делуваа многу мотивирачки кај сите во тимот. Двете победи ни ја зголемија самодовербата и сега треба сето ова да го донесеме до врвот и да успееме да потврдиме дека сме во добра форма и против Манчестер Јунајтед. Дефинитивно ова нè направи посилни и очекувам вечерва да бидеме одлични“, изјавува помошникот на Мурињо, Аитор Каранка.

Дефинитивно денеска може да има продолженија само при резултат 1:1, но никој нема да се одлучи да тактизира. При 2:2 и секое реми со повеќе голови тимот на Реал оди во следната рунда. Истото важи и за триумф на гостите. Секој друг резултат е победнички за составот на Манчестер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...