ЛАНСКИОТ ФИНАЛИСТ ВО ЛШ ДЕНЕСКА ВО ТОРИНО ЌЕ ИМА ЗАДАЧА ДА ЈА ОДБРАНИ ПРЕДНОСТ ОД 2:0 ОД ПРВИОТ МЕЧ

Јуве пред тешка мисија против Баерн

* Резултатот од првиот дуел е голема позитива за „баварците“, а Јувентус ќе се обиде да го повтори успехот на Барса од осминафиналето

Победата од 2:0 обезбедена на првиот меч за фудбалерите на Баерн Минхен денеска може да биде од големо значење, а доколку денеска „баварците“ успеат да постигнат гол во Торино работите ќе бидат далеку подобри и дефинитивно Јувентус ќе биде во тешка ситуација. Резултатот со кој Баерн ќе го дочека денешниот дуел до осминафиналето најавува интересен фудбал, но дефинитивно и меч во кој Јуве има само мали шанси за пресврт.

ВУЧИНИЌ НАЈАВУВА ГОЛОВИ

Јувентус денеска нема избор и мора да нападне од стартот. Тоа е меч со две острици, но дефинитивно нема друг начин да се стигне до победа. Мора да се стори сè за да се анулираат двата гола негатива од Минхен, па затоа е потребно да има погодок уште во отворањето на средбата.

„Имаме навистина тежок противник со кој мораме да бидеме концентрирани во текот на сите 90 минути доколку сакаме да дојдеме до пласман понатаму, но мораме и да напаѓаме. Нашиот сон за полуфинале сè уште не е готов, но знаеме дека ќе мораме да бидеме на високо ниво доколку сакаме да се пласираме понатаму. Наше е денеска да победиме, но и одбраната мора да биде на ниво и да не дозволи да примиме гол. Во секој случај ова ќе биде голема фудбалска ’војна’ во која нијанси ќе пресудат кој оди понатаму“, вели напаѓачот на Јувентус, Мирко Вучиниќ.

БАЕРН ИМА ДОБРА ПРЕДНОСТ

Гостите се со предност која денеска ќе мораат да ја одбранат во Торино, а дека знаат како да го направат тоа докажаа и лани кога играа против Реал Мадрид во полуфиналето. Дефинитивно, Баерн има голем тим кој е способен за големи дострели, но ќе треба да се одигра одлично доколку се сака место во полуфиналето.

„На првиот дуел одработивме само дел од нашата задача. Тоа е задоволително, но сè уште ја немаме одработено нашата задача доволно добро. Ќе мораме да одиграме добро и на овој дуел доколку сакаме да оствариме уште една наша цел на патот кон финалето. Имаме уште долг пат до Вембли, но ние веруваме дека ќе успееме во тоа и вечерва ќе можеме да се радуваме“, изјавува капитенот на Баерн, Филип Лам.

ХЕЈНКЕС СО ПОЗИТИВНИ КОМЕНТАРИ

Тренерот, на гостите, пак, е задоволен од формата и по титулата во Бундес-лигата е убеден дека може да извлече максимум и во Лигата на шампионите. Ова е дуелот на кој треба да почне да го докажува овој факт.

„Сигурен сум во мојата екипа. Одигравме добро на првиот меч и создадовме предност. Сега сакаме да си ја довршиме нашата работа и во Торино. Ќе биде тешко, но мислам дека моите момци се способни за да дојдат до победа и на реваншот“, вели Јуп Хејнкес.

ЈУВЕ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПЕНАЛИ

Фудбалерите на Јувентус на последните тренинзи се подготвуваа за удари од белата точка. Иако резултат од 2:0 е тешко да се предвиди пред мечот, сепак, на дуел против Баерн Минхен секогаш е можно сè, па затоа на овој дуел домашните се подготвуваат за секој епилог.

Според тоа што можеше да се види на последните тренинзи како главни изведувачи се промовираат Мирко Вучиниќ, Фабио Кваљарела, Андреа Пирло, Клаудио Маркизио и Пол Погба. Како први резерви односно играчи што би биеле во шеста или седма серија се запишани Андреа Барѕаљи и Леонардо Бонучи. Ќе недостигаат повредениот Џовинко и суспендираниот Видал кои исто така важат за добри изведувачи на ударите од белата точка.

ДРУГИТЕ ЗА ДВОБОЈОТ

ЏОВАНИ ТРАПАТОНИ

„Ако Јувентус води со 1:0 на крајот од првото полувреме Баерн ќе биде во тешка ситуација. Тогаш ќе биде пеколно, а целиот стадион ќе ’грми’ против Баерн. Според мене гостите се фаворити, но не така изразити туку шансите се 51:49. Сепак, јас сум оптимист во однос на Јувентус. Овој тим секогаш играл големи средби кога било најпотребно“.

МАРЧЕЛО ЛИПИ

„Јувентус мора да го покаже целиот свој потенцијал доколку сака да се пласира во полуфиналето. Пред една недела видов неверојатен Баерн и дефинитивно е јасно дека овој тим е со одлични шанси за да се пласира во следната рунда. Јас секогаш сум зборувал дека ’баварците’ се европска супер сила. Денеска, сепак, тимот од Торино мора да покаже дека има квалитет за големи дострели и очекувам добар натпревар“.

ИНТЕРЕСНО

Ова им е осми меѓусебен меч во европските купови. Досега и двете екипи имаат по три победи, а гол разликата е 9:6 во корист на Баерн.

ЈУВЕНТУС

Поразот од 2:0 на првиот меч во Минхен заврши серијата на Јувентус од 18 натпревари без пораз по ред.

На последните пет средби во Торино немаат пораз.

На натпреварите од групната фаза имаа негатива од 2:0 против Челзи, која ја анулираа и мечот го завршија со 2:2.

Негатива од 0:2 е најлоша за неутрализирање во ЛШ. Барселона е единствената која успеа да се пласира понатаму после ваква негатива, а Јуве може да стане вториот тим.

Буфон и Бонучи ги одиграа сите средби од прва до последна минута.

БАЕРН МИНХЕН

Во саботата Баерн стана нов шампион на Германија со што стигна до 23. титула.

Единствениот пораз на гостувањата во ЛШ сезонава го претрпеа од Бате Борисов со 3:1.

Имаат 14 победи на 15 средби во 2013 година. Загубија против Арсенал на реваншот од 1/8 финалето.

Победата во Минхен беше вкупно 150-та во европските купови.

Досега се примени 399 гола во сите купови.

Нојер ги одигра сите средби во ЛШ сезонава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...