Нови 2:0 од Баерн против Јуве

Баерн Минхен победи и во Торино и овој пат со резултат од 2:0. Со тоа само ја потврди својата доминација во дуелот со лидерот во Серија „А“. На тој начин Германија го доби и вториот полуфиналист, а самиот факт што Јуве не можеше да го совлада Нојер докажува дека Баерн оди сигурно кон нов голем успех.

Составот на Јувентус се обидуваше да го отвори резултатот на средбата и да биде првиот тим што ќе успее да постигне гол. Сепак, работите не одеа најдобро во првиот дел. Најсериозната шанса ја имаше Андреа Пирло од слободен удар, но неговиот удар беше одбранет од страна на Мануел Нојер кој беше на висина на задачата така што не се измени ништо во играта и сè остана како на почетокот.

До крајот на првото полувреме не се случи ништо посериозно пред голот на Нојер, но немаше ниту премногу работа за Буфон. Со тоа на одмор се замина со 0:0 и работите сè уште беа отворени.

Второто полувреме почна во ист стил и немаше измени во играта до 64 минута кога опасниот Манџукиќ успеа да го отвори резултатот со наоѓањето на патот до голот на Јувентус.

Со овој погодок стана јасно дека нема да има продолженија на овој меч, а воедно на екипата на Јувентус и беа потребни три гола за пат во полуфиналето.

Домашните тргнаа со сите сили во напад, но работите не одеа најдобро. Немаа доволно сили за да можат да го издржат налетот на Баерн, но немаа ниту расположени напаѓачи. Пред последниот свиреж примија уште еден гол. После акцијата на Швајнштајгер кој асистираше, Пизаро успеа да реализира за 2:0 и вкупно 4:0 за уште еден пласман во полуфиналето на „баварците“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...