Минхен е големата предност за Баерн

Лидерите во шампионатите на Шпанија и на Германија, Барселона и Баерн Минхен, денеска ќе одработат пола од задачата во полуфиналето во Лигата на шампионите. Минхен ќе го види денеска двобојот меѓу новиот првак на Германија, Баерн Минхен, и првопласираниот состав во Шпанија, кој е пред титула, Барселона.

ХЕЈНКЕС ЌЕ ПИШУВА НОВА ИСТОРИЈА

Првиот дуел вообичаено има многу важна улога при овие пресметки, но никогаш не и решавачка. Баерн Минхен сигурно ќе се обиде да го направи истото што го постигна и Милан при дуелот од осминафиналето. Сепак, и тогаш се виде дека предност против Барса никогаш не мора да значи ништо, па затоа денеска најважно за домаќинот е да го искористи играњето пред својата публика и да не загуби.

„За мене претставува голем предизвик да го елиминирам тимот на Барселона од Лигата на шампионите. Барса создаде цела епоха во фудбалот во последните неколку години и затоа овој тим е предизвик за секого. Ќе биде навистина премногу тешко. Играме против најдобриот тим во последните неколку години и против екипата којашто веќе шестипат по ред е во полуфинале. Воедно ова е тимот што освои две титули во последните четири години така што ние мораме да бидеме подготвени за тоа што ни претстои и мораме да бидеме концентрирани“, вели тренерот на „баварците“, Јуп Хејнкес.

Тој во минатото има победувано против Барса, но тоа беше еден сосема друг тим во кој не играше никој од овие играчи што сега се носители на играта на Каталонците. Токму поради тоа ова е една сосема друга приказна во која има други актери кои во последните години немаат респект речиси за никого и поставуваат граници.

ЧАВИ ОЧЕКУВА ПЕКОЛЕН НАТПРЕВАР

Самиот факт што Баерн Минхен е новиот шампион на Германија кој сезонава сруши многу рекорди, а Барса тимот што исто така сака да ги руши резултатите кои се поставени како рекорди најавува возбудливи натпревари и денеска и следната среда. Сепак, што ќе се случува на теренот, останува да се види.

„Денешниот меч ќе биде со неверојатно голема тензија! Минхен е град кој живее за фудбалот. Баерн се наоѓа во неверојатна форма, но нашата цел останува иста и тука нема ништо спорно. Средбите од оваа фаза во Лигата на шампионите ги решаваат најситни детали. Ќе направиме сè што е во наша моќ за да успееме да оствариме добар резултат на овој дуел и потоа следната среда да можеме да одиме кон комплетирање на успехот. Сакаме да играме на Вембли и ќе сториме сè што е во наша можност за да успееме во тоа“, изјавува играчот кој речиси и не знае да погреши кога додава до своите колеги.

МЕСИ И ШВАЈНШТАЈГЕР ЌЕ ИГРААТ

Фудбалерите за кои постоеше сомнеж дали ќе можат да истрчаат на терен на денешниот меч дефинитивно ќе бидат на терен. Иако докторите од Барселона не коментираа ништо, сепак, спортскиот директор Андони Зубизарета изјави дека Меси ќе истрча во првите 11 на денешниот дуел.

Добри вести има и за Баерн Минхен бидејќи Бастијан Швајнштајгер успеа да заздрави и ќе може да се најде на терен заедно со колегите. Дали и тој ќе биде од стартот на средбата, ќе се знае денеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...