Баерн на чекор до финалето во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Баерн синоќа на „Алијанц Арена“ во Минхен на првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите убедливо ја совладаа Барселона со 4:0 (1:0) и се многу блиску да се пласираат за финалето што на 25.мај се игра во Лондон.

Во текот на целиот натпревар германскиот тим доминираше на теренот. Водечкиот гол во 25. минута го постигна Томас Милер, а катастрофата на „каталонците“ ја навести Марио Гомез во 49. минута кога зголеми на 2:0. Арјен Робен во 73. минута беше стрелец за 3:0, а конечните 4:0 ги постави Милер со својот втор гол на натпреварот во 82. минута.

Со овој резултат Баерн е многу блиску до повторување на успехот од ланската сезона кога исто така беше финалист.

Реванш натпреварот на „Камп Ноу“ во Барселона се игра на 1.мај.

Вечерва се игра второто полуфинале меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид. Почетокот на дуелот е во 20 часот и 45 минути.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...