Одбраната ќе решава и на „Стемфорд Бриџ“

По нерешените 0:0 во Мадрид кои беа постигнати во минатиот вторник денеска се очекува да има голови на мечот меѓу Челзи и Атлетико Мадрид на „Стемфорд Бриџ“. И двата тима посакуваат место во финалето, но ситуацијата е таква што ќе има место само за еден од составите.

Искуството е на страната на Челзи. Покрај тоа и Мурињо е познат како одличен стратег, кој на ваквиот тип средби секогаш знае да ги мотивира своите играчи, но и да го извади максимумот од нив.

МУРИЊО СÈ УШТЕ РАЗМИСЛУВА ЗА СОСТАВОТ

По првиот меч Мурињо се соочи со проблеми бидејќи се повредија и Чех и Тери. И двајцата порано го завршија дуелот на „Висенте Калдерон“. Сега и двајцата одново се во комбинација, а покрај нив тука се и Азар и Ето, кои исто така би требало да бидат подготвени за игра. Токму поради тоа сите очекувања се денеска составот на Челзи да биде со најдобрите.

„Составот ќе остане непознат до стартот на средбата. Ќе одлучам во последен момент. Од докторите имам добри вести за сите играчи кои беа повредени во неделата. Сите тренираа, но ќе видиме пред средбата дали можам да сметам на нив. Исто како и Чех, и Тери ни е потребен на овој натпревар кој е од големо значење за нас. Се надевам дека ќе ги имаме во тимот и ќе успееме да дојдеме до посакуваниот резултат“, коментира Мурињо.

ДОМАШНИТЕ СО ГОЛЕМ МОТИВ

Дека мотивот е на големо ниво, докажува и Германецот Шурле, кој најавува голема борба на теренот за да се дојде до нова победа. По триумфот против Ливерпул сосема јасно е дека и денеска ќе се оди на триумф, а дали ќе може да се повтори успехот, останува да се види.

„На теренот против Ливерпул докажавме дека можеме да играме против секого и секого да победиме. Токму поради тоа оптимизмот кај нас е на високо ниво. Го очекуваме овој натпревар со победнички мисли и очекуваме да се пласираме во финалето. Денеска мораме да победиме. Едноставно, не е доволно само да играме добро. Мораме да бидеме на високо ниво доколку сакаме да дојдеме до финале. Сепак, дефинитивно ќе треба да бидеме концентрирани и од првата минута да вршиме притисок кон голот на нашиот противник. Ни треба победа и ќе се обидеме да го направиме тоа. Сакаме да ги израдуваме нашите фанови и затоа сакаме сезонава да им донесеме титули. Можеме до нив и во Лигата на шампионите и во Премиер-лигата“, вели Шурле.

СИМЕОНЕ СО ПОФАЛБИ ЗА РИВАЛОТ

Гостите, пак, се внимателни пред оваа средба и велат дека се подготвени за она што ги очекува. Го ценат противникот, но дефинитивно најавуваат добра игра и атак по место во финалето.

„Јасно е дека Челзи е голем тим. Тоа се виде и на средбата со Ливерпул. Ние сме свесни дека нè очекува многу тежок натпревар и дека ќе треба да вложиме максимум. Играме против многу силна екипа, која ќе ни зададе големи проблеми на средбата денеска. Затоа ќе биде многу тешко и дефинитивно ни претстои средба на која ќе мораме да бидеме концентрирани од првата до последната минута“, изјавува тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.

ДИЕГО КОСТА ОЧЕКУВА ОФАНЗИВЕН ЧЕЛЗИ

Најефикасниот играч во тимот на Атлетико, Диего Коста, исто така не се впушта во премногу оптимистички коментари туку најавува добра игра и обид да се дојде до финалниот натпревар.

„Не сум воопшто нервозен. Очекувам да одиграме добар натпревар. Притисокот е повеќе кај нашиот противник бидејќи тој мора да дојде до победа. Ние можеме да бидеме нешто поопуштени. Ќе се потрудиме да постигнеме гол и да го направиме мечот максимално интересен. Во секој случај очекувам екипата на Челзи да игра многу поофанзивно отколку на првата средба. Дефинитивно ова ќе биде интересен и тежок натпревар, но очекуваме позитивен епилог“, коментира пред средбата Диего Коста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...