„Вардарки“ во групната фаза во ЛШ

Македонскиот првак ЖРК Вардар втора сезона во низа обезбедува директно учество во групната фаза од Лигата на шампионите во женска конкуренција.

Немаше никакви дилеми дека третата европска ракометна сила ќе има таква позиција во новата сезона 2015/2016, во најсилното континентално клупско натпреварување, а викендов таквата констатација доби и официјална потврда од Извршниот комитет на ЕХФ.



„Црвено-црните“ дами се во друштво на 14 национални шампиони, црногорскиот и европски првак Будуќност, новиот унгарски шампион Ференцварош, како и Ларвик, Митјиланд, Крим, Букурешт, Турингер, Ростов-Дон, Савехоф, Хипо, Подравка, Флери и Љублин, кои според рејтингот имаат шанса мирно да го чекаат почетокот на новото издание на Лигата на шампионите, закажан за викендот 16-18 октомври.



Ждрепката која ќе ги даде конкурентите на „вардарки“ во групната фаза во Лигата на шампионите е закажана за в петок, од 19:15 часот.

ЃЕР ВО КВАЛИФИКАЦИИ

По седум сезони унгарски Ѓер се наоѓа во ситуација преку квалификациите да брка учество во Лигата на шампионите. Откако со Ференцварош ја загуби „трката“ за националната титула, а Вардар ја елиминираше на патот кон Ф4 во Будимпешта, сега веќе екс-двократниот европски првак ќе се најде меѓу осумтте екипи кои ќе се обидат да дојдат до двете преостанати места во следното издание. За да се комплетира бројката со 16 екипи за групната фаза, ќе се одржат два квалификациски турнири на кои покрај Ѓер ќе учествуваат и Есбјерг, Минск, холндски Далфсен, Раднички, Анкара, Гласверкет и Баја Маре.



Квалификациските турнири ќе се одржат на 12 и 13 септември, а изгледот на конкуренцијата и организаторите на истите ќе бидат дефинирани на ждрепката, в петок.

ПЕТ ТИМА ОДБИЕНИ

Врз база на новите критериуми на ЕХФ само две од седумте екипи кои бараа „вајлд-карта“ Баја Маре и норвешки Гласверкет обезбедија место во квалификациите за ЛШ, додека пет екипи Лада, Мец, Гданиа, Муратпаша и И. Конверсано.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...