Среќен сум што доаѓам во Скопје

Вторпат во три сезони капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и неговата Барселона ќе гостува во Скопје, во рамките од групната фаза од Лигата на шампионите

Вардар во „Јане Сандански“ ќе го пречека актуелниот европски првак, а нашиот најдобар ракометар е среќен што одново ќе може да игра пред домашната публика.



- Среќен сум што со Вардар сме во иста група и што одново ќе можам да играм во Македонија, пред нашата публика. Вардар ќе биде поквалитетен од минатата година, ги дуплира позициите. Со овој нов систем на натпреварување во Лигата на шампионите повеќе проблеми ќе имаат екипите што имаат силна лига затоа што и во така напорниот распоред сега ќе биде уште попеколно. Групата воопшто не е важно колку е силна, важно е да сме здрави и во форма од март до јуни. Повеќе или помалку, сите екипи ќе имаат победи и порази во групната фаза, поради новиот систем на натпреварување, вели Лазаров.

Барселона во новата сезона ќе се обиде да ја одбранат титулата, нешто што никому не му успеало во последните осум години, откако се игра Ф4 во Келн.

Вардар ќе има шанса да му се одмазди на Киелце за ланската елиминација. Годинава нема да може да се тактизира и импровизира затоа што според новиот систем на натпреварување можеби клучниот момент за место на Ф4 е пласман на првото место во групата.

Ќе го видиме одново тимот кој минатата година ни приреди многу радости со перформансот кој го прикажа – Рајн Некар Ловен. Заедно со „лавовите“ ќе дојде и играч кој има своја армија на навивачи во Скопје. Додуша, не меѓу Вардаровите.

Дарко Станиќ доколку не ја промени одлуката и ќе биде дел од Рајн Некар Ловен сезонава.

Севкупно, Вардар има сосема солидна група во која треба да се бори за позиција 1, 2 или 3. Сите дуели мораат да бидат перфектни за да дојде до момент на директните дуели за Барселона и Киелце да се бори и за првото место. Да потсетиме позиција 2 или 3, во Топ 8 (доколку нема изненадување) ќе донесе противник кој бил на позиција 3 или 2 во групата „А“ , а таму се Кил, Веспрем и „новиот“ ПСЖ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...