Со борба и желба сè е можно

Продолжението во Лигата на шампионите за Металург започнува веќе в четврток (17:45 часот), кога во СЦ „Борис Трајковски“ момците на Лино Червар ќе го пречекаат украински Мотор Запорожје. Противникот со кој и го отворија годинешниот настап во најсилното европско клупско натпреварување и од кој претрпеа пораз од шест гола разлика. Мотор З. ќе ја има фаворитската улога на оваа средба, но факт е дека од пред два месеци до сега ракометарите во „сино-бели“ дресови имаа можност и тоа како да се „калат“ во елитното друштво и едно е сигурно, нема да дозволат ривалот лесно да помине во Скопје. Агресивниот пристап во играта и желбата за докажување треба да бидат главните адути на „металурзите“.

-Натпреварот со Мотор в четврток ќе биде интересен. Тие се фаворити, но јас верувам во нашата младост, која со поддршката на поискусните играчи ќе покаже борба, желба и ентузијазам со кои ќе ги надополниме објективните слабости во нашата игра.

Мотор е незгоден противник, чија игра не ни одговара. Играат брз центар со сите играчи, а токму тој елемент и контрата им се главно оружје. Бековската линија Бурка-Пуховски и Шелменко се основата на нивната игра. Ќе мора да бидеме агресивни и да нападнеме со подлабока зона на нивните високи играчи.

Времето работи за Металург, а секој натпревар е ново и важно искуство. Нема да потклекнеме и ќе одиме на позитивен резултат – изјави тренерот на Металург, Лино Червар.



ТАЛЕСКИ „СЕГА СМЕ ДРУГА ЕКИПА“

„Металурзите“ од првиот натпревар во Украина до сега покажаа дека и покрај тоа што се млада екипа не смеат да бидат потценети. Со добра игра в четврток момците сакаат да покажат дека поразот од првото соочување не е реална слика за квалитетот кој го имаат.

-Првиот натпревар со Мотор беше на самиот старт на ЛШ, кога оваа млада екипа не се посрамоти иако играше на гостински терен. Од тогаш до сега, некои работи се сменети, добивме на искуство, а го имаме и Давид Шпилер, сега сме друга екипа.

Со добра игра во одбрана може да се бориме за добар резултат и да докажеме дека поразот од првиот меч не е реална слика за нашиот квалитет – смета левиот бек, Филип Талески.

ДЕБИ НА ШПИЛЕР

Последното засилување на тимот од Автокоманда, Давид Шпилер против Мотор Запорожје ќе дебитира во „сино-белиот“ дрес.

-Шпилер е подготвен и ќе игра в четврток. Имаше повреда која е санирана и ќе му биде потребно време за да се вклопи во екипата, сепак одработи само неколку тренинзи, но неговото присуство е и тоа како значајно. Таков играч е на некој начин продолжена рака на тренерот на теренот. Неговото доаѓање нема да го смени нашиот систем на игра, продолжуваме со истата идеја на игра, во која тој треба да се вклопи – објасни Червар.

Билетите за натпреварот се во продажба од почетокот на неделата, а цените се движат од 60 до 150 денари и може да се купат во продажните места на ОНЕ како и он-лајн на карти.цом.мк.


МАСТЕР-ЛИЦЕНЦА ЗА ЧЕРВАР

Стратегот на Металург, Лино Червар е добитник на доживотна мастер-лиценца за посебни достигнувања во ракометот, признание кое го доделува ЕХФ, односно нејзината мастер-програма за тренери.

Лиценцата на хрватскиот тренер ќе му биде врачена на 16. јануари во Краков, Полска, за време на ЕП 2016, на завршниот ден од тренерскиот семинар. По врачувањето Червар ќе може да им се обрати на присутните со 15-минутно излагање, на тема која сам ќе ја одбере. ЕХФ побара и дозвола за објавување на публикацијата на Лино, „Иднината на ракометот“, која ќе се најде на сајтот на Европската федерација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...