Кастратовиќ: Мора да освоиме два бода против Савехоф

На ЖРК Вардар му останаа уште четири натпревари од втората фаза во Лигата на шампионите, а за првиот од нив, против Савехов, тренерот Индира Кастратовиќ сигурна победа и два бода.

- Се надевам дека ќе освоиме два бода. Во ниту еден момент не размислуваме зошто Савехоф нема ниту еден бод. Го сметаме за сериозна екипа, која веќе со години игра во ЛШ. Тоа е една екипа која 60 минути игра во ист ритам, нема застанување, дали губат или водат држат исто темпо. Многу работевме на тоа со девојките, знаеме какви се скандинавските екипи и нема да паднеме под нивното темпо. Се трудиме што побргу да го забораваме Будуќност, зашто ние веќе немаме право ништо да калкулираме и мора да освоиме два бода и дома, но и кога ќе играме на гости, изјави Индира на денешната прес-конференција.



Андреа Лекиќ потенцираше дека овој меч е важен и дека мора да се победи за да се крене самодовербата во тимот.

- Многу важен натпревар за нас, имајќи предвид дека во последното коло не го покажавме нивото на игра кое се очекува и бара од нас. Секој следен натпревар е неверјатно важен за нас, особено тргнуваме од Савехоф, кој нема ниту еден бод во групата. Сепак, ние немаме право да размислуваме на тоа бидејќи ќе биде многу важно за кревање на самодовербата и атмосферата во клубот да одиграме добро, истакна Лекиќ.

Натпреварот ќе се одигра в сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17:30 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...