Ракометната репрезентација на Македонија со спортски психолог во Гдањск

Во пресрет на квалификациите за пласман на Летните Олимписки игри во Рио 2016, Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ангажираше стручен спортски психолог, кој ќе им биде на располагање на македонските репрезентативци во текот на претстојниов поготвителен период.



РФМ деновиве ги заврши преговорите со еден од најеминентните спортски психолози во регионов, д-р Тања Кајтна, професор на катедрата за спорт при Универзитетот во Љубљана, актуелен Претседател на Здружението на слевенечки психолози и Координатор за спортска психологија при словенечкиот Олимписки комитет.



Проф. Кајтна е истакнат професионалец со врвни достигнувања во кариерата во делот на спортската психологија и публикувани научни истражувања со фокус на психолошкиот профил на тернери и спортисти во категоријата на високо-ризични спортови. Во улога на официјален психолог на словенечките репрезентативци, Проф. Кајтна се најде за време на Параолимписките игри во Пекинг 2008, како и за време на Олимписките игри во Лондон, во 2012 година.


Во насока на создавање максимално погодни услови за Македонските сениорски ракометни репрезентативци од секој аспект, непосредно пред квалификациите за ЛОИ 2016, Ракометната федерација го ангажираше и кинотерапевтот Димитар Андреев, кој ќе практикува научно засновани методи наменети за подобрување на мобилноста и истрајноста, какви што практикуваат врвните спортисти ширум светот.

Со ангажманот на двете стручни лица, РФМ го комплетираше стручниот тим кој останува апсолутно фокусиран на ова комплетирање на ова значајно поглавје за македонскиот ракомет, се вели во изјавата на спортскиот директор на машката репрезентација Милчо Чакарески објавена на сајтот на РФМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...