Сите патишта водат во Келн

Најдолгата сезона во Лигата на шампионите досега, со над 200 одиграни натпревари почнувајќи од квалификациите до фајнл-фор турнирот е пред крајот.

В петок во Келн до забавата за отворање почнува седмото издание на Фајнл-фор завршниците на Лигата на шампионите со Келн и импозантната „Ланксес арена“ во улога на домаќини.



Што се однесува до ракометот, Кел е врв на организацијата на ваквите манифестации, иако се чини дека нема да може да ја надмине Доха со отворањето и затворањето на мундијалот, зачинето со настап на Калји Миног на пример...

Но, Келн има вистинска ракометна публика за разлика од Доха, и тоа го прави поинаков барем во спортскиот дел.

Во Келн продолжува една традиција, а тоа е шампионот да не успеал да ја одбрани титулата. Барем откако се „Ф4“ и Келн во прашање. Така ќе биде и годинава со оглед на тоа дека сè уште актуелниот првак, Барселона, е елиминирана во 1/4 финалето на ЛШ.

Од истите причини за првпат во Келн нема да настапи шпански тим. Мала утеха е што ќе имаат два тренера (Душебаев од Киелце и Сабате од Веспрем, плус неколку ракометари, единствено во ПСЖ нема Шпанец).



Ќе настапат три екипи кои досега не почувствувале радост на освоена шампионска титула. Ќе настапи и Кил кој има три шампионски прстени досега. Најмали шанси да го освои турнирот има токму Кил, без оглед што токму „зебрите“ се виновни или заслужни за елиминацијата на Барселона.

Пари Сен Жермен, Киелце и Веспрем ќе допатуваат со право да донесат и околу 2000 свои навивачи во „Ланксес арената“, сала која нуди можност да прими околу 20.000 гледачи. Веруваме дека Веспрем и Киелце во добар дел ќе ја искористат оваа понуда, не сме сигурни дека ПСЖ ќе може да донесе во Германија толкав број свои симпатизери. За Кил нема дилеми, над 15.000 навивачи ќе има секој натпревар во Келн.

ВО ЗНАКОТ НА КАРАБАТИЌ

Барселона нема да ја брани титулата, но играчот кој е најзаслужен за освоениот пехар лани, ќе игра за нов. Никола Карабатиќ во својата прва сезона во дресот на ПСЖ ја направи посакуваната разлика и го донесе ПСЖ во Келн. Покрај него прв триумф во ЛШ очекува и неговиот соиграч Микел Хансен.

Но, оваа година е во знакот на Карабатиќ кој ќе се обиде да стане единствениот играч кој освоил четири шампионски титули... со четири различни тима. Карабатиќ има освоено ЛШ со Монпеље, Кил и Барселона, сега е на ред и со ПСЖ. И секаде играл главна улога.



ХРВАТСКА, СЕКАКО, ЌЕ СЕ РАДУВА

Интересен податок е дека што и да се случи во Келн, барем еден Хрват ќе ја освои ЛШ. Имено, Игор Вори игра за ПСЖ, Дувњак и Брозовиќ за Кил, Алиловиќ, Слишковиќ и Сулиќ играат за Веспрем, а Штрлек, Шего, Чупиќ и Бунтиќ играат за Киелце.

НЕМА ЛШ ЗА КОЛДИНГ

Екипата на Колдинг се најде рамо до рамо со Ростов на Дон како екипи кои правеа сметка без крчмар. Колдинг направи добар акционен план за следната сезона, го доведе и Ортега за тренер предвреме и сè беше подготвено за враќање на победнички патеки до полуфиналето на плеј-оф дуелите. Тука на пат им застана Бјерингбро-Силкеборг и ги елиминираше фаворизираните наследници на КИФ Колдинг и АГ Копенхаген.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...