Македонија ја чека пекол на СП

Македонската репрезентација ги доби противниците за јануарскиот мундијал. Ќе играме во тешка група каде што противници ќе ни бидат Шпанија и Словенија од подобро рангираните и Исланд, Тунис и Ангола од послабо рангираните од нашиот тим.

Четири репрезентации патуваат во 1/8 финалето, последните две ќе патуваат во Брест каде што ќе се играат натпреварите за пласман од 17 до 24 место или таканаречениот „Президент куп“.

Тоа значи дека на Македонија ќе ѝ бидат потребни најмалку две победи за пласман во следната рунда. Или победа и реми во извесни комбинации за кои е рано да се прават, иако во теорија постојат.

СРЕЌАТА НЕ НÈ ПОСАКА

Нема да „кукаме“ за резултатот на ждрепката, но мораме да посочиме дека среќата во последен момент ни го заврте грбот. Откако беа извлечени Шведска (група Д) и Русија (група А), останаа само Белорусија и Македонија за посакуваната група „Ц“ во која се аутсајдерите Чиле и Саудиска Арабија. Фортуна им се насмевна на Белорусите, а Македонија остана да го пополни местото во групата „Б“.



ЛИНО ЧЕРВАР: ЌЕ ИМА ШОУ

Селекторот на македонскиот тим, Лино Червар, без посебни желби ја чекаше ждрепката, а во согласност со тоа и откако беа извлечени паровите, не беше ниту разочаран, ниту пресреќен.

„Не сакам јас да излегувам во јавност со изјави од типот ’ова сакав - ова не сакав’. Ќе одиме таму да одиграме добар турнир. Шпанија беше елиминирана за ОИ од Словенија, Тунис ја елиминира Македонија. По тоа овде е и Исланд. Има во оваа група многу нерасчистени сметки, ќе биде шоу, вели Червар. Единствено Ангола некако штрчи во оваа група, но ни тие нема да се предадат без борба. Во женскиот ракомет се напредни, да видиме дали и мажите ги следат“, додаде. Лино Червар.

Македонија на мундијалот ќе патува со изменет состав. Сосема сигурно во тимот нема да бидат двата свежо пензионирани играчи, Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски, а можно е и други измени да има во нашиот состав. Очекуваме да има и свежа крв во тимот, во вид на некои од младите играчи чие време, ете, дојде.



„Ние овој пат нема да бидеме најстарата репрезентација на првенството, тоа е сигурно. Овие репрезентации, треба да бидат мотив плус за играчите. Шпанија, тоа е силна и атрактивна репрезентација која секогаш е предизвик, за секој игра. Тунис е репрезентацијата која им го растури олимпискиот сон на македонските ракометари, мора да има мотив за реванш. Тука е и Исланд, стар познаник на добар дел од овие играчи. Тоа е тим во квалификациите не беше на многу високо ниво, но не смее да се потцени. Во млади категории беа веднаш зад Франција и тоа мора да се има на ум. По тоа овде е Словенија и тоа со Вујовиќ на кормилото... сите тие натпревари ќе бидат голем предизвик за нас. Ќе одиме чекор по чекор, од битка во битка“, изјави Червар.

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА ВО МЕЦ

Градот домаќин на македонската репрезентација е Мец. Во овој град, во таа сала „Арена Мец“, имаат играно репрезентативките на Македонија за време на мундијалот во 2007 година. Тоа е градче со околу 120.000 жители и сала која има капацитет од 5.000. Заинтересираноста во Мец за ракометот е на високо ниво со оглед на тоа дека со години имаат успешен женски тим. Како ќе биде за машкиот ќе видиме.

Групата „А“ која, поради домаќинот, очекувавме да се игра во Париз, ќе се игра во Нант. Очигледно Французите одбраа центар кој е позаинтересиран за ракомет, а Франција секако ќе дојде и во Париз во завршната фаза. Групата „Ц“ ќе се игра во Руен, а групата „Д“ во Париз.

ЌЕ БИДЕ ТЕШКО ДА СЕ СТИГНЕ ДО 1/8 ФИНАЛЕ

Македонија со оглед на најавените подмладувања на екипата ќе има исклучително тешка задача и не би требало да им се става дополнителен притисок во вид на „задолжително“ 1/8 финале како што беше тоа случај досега.

Сепак, улогата на туристи на СП и натаму ќе е резервирана на С. Арабија, Ангола и нив слични. Македонија ќе мора да покаже заби и да се обиде да стигне до следната фаза.



Најлесни би било преку тимот кој веќе слави пласман во следната фаза – Исланд. Островската репрезентација не е на нивото кое беше препознатливо за нив, а до јануари можно е и во нивниот тим да има измени. Не им одеше со стариот селектор, да видиме како ќе биде по ново. Не се прославија на квалификациите. На дуелите со Португалија славеа само на мечот на домашен терен и тоа со три гола разлика. Како гости, загубија минимално.

Би било убаво и да му се реваншираме на Тунис за поразот во квалификациите за ОИ. Веруваме дека таму ќе почне нов Олимписки циклус по Рио и дека и тие ќе менуваат во репрезентацијата. Но, тие беа убаво анализирани, „скарани“ и некомпактни и пред натпреварите во Гдањск, па видовме што се случи.

Ќе биде интересно да видиме и што ќе направи Вујовиќ од Словенија до јануари. Тие ќе играат на ОИ, но тоа вообичаено значи и крај на репрезентативни кариери на повозрасните.

Во секој случај ќе биде забавно, Македонија нема отворен пат кон следната рунда. Би биле среќни и ако одиграме за четврто место во групата, што извесно ќе ни ја донесе Франција за противник во 1/8 финалето и пат во Лил, да одигра оваа репрезентација и еден натпревар на фудбалски стадион.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...