И Рафа Надал не оди во Рио?

Само еден ден откако Роџер Федерер објави дека ќе ги пропушти Олимписките игри во Рио поради тоа што не заздравил на време по операцијата на коленото, уште еден тенисер поради повреда може да го направи истото. Се работи за Рафаел Надал. Големата надеж на Шпанците за медал во Рио не е во форма бидејќи веќе два месеци неможе да заздрави од повреда на раката. Поради тој проблем се откажа од Ролан Гарос, а потоа се повлече од Вимблдон, а во вторникот го откажал тренингот со Енди Мареј во Мајорка и тренирал самостојно на тврда подлога. Надал уште не ја санирал повредата и тоа ја загрижува шпанската јавност.



ВЕСЕЛИ СЕ ОТКАЖА

Најдобриот чешки тенисер Јири Весели кој е 49 на АТП листата, објави дека нема да учествува на тенискиот турнир на Олимписките игри во Рио поради проблеми со грлото. Тој веќе две седмици пие антибиотици и се обидува да излекува инфекција на грлото.

Весели им се приклучи на сонародниците Томас Бердих и Каролина Плишкова кои уште пред неколку недели се откажаа од учество во Рио поради страв од вирусот „Зика“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...