Металург се договара со Младеновиќ

Лино Червар најави дека во пресрет на сезоната, која ќе биде веројатно најнапорна досега, на Металург ќе му бидат потребни барем уште две до три засилувања. Првото би можело да биде договорено до крајот на неделава.

Поранешниот капитен на српската јуниорска репрезентација, Немања Младеновиќ (22), ќе биде дел од Металург на турнирот во Кањижа и доколку ги исполни очекувањата, а биде задоволен и од понудата, тогаш би можело да дојде до соработка.

Иако има само 22 години, Младеновиќ веќе има меѓународна кариера во која се запишани настапи за Сесон Рен, Рошток, Гумерзбах и Веспрем.

Младеновиќ (1.94м, 94кг) како 16-годишен тинејџер дојде во Гумерзбах каде мина две години во академијата пред да биде прекомандуван во првиот тим. Важеше за голема надеж, но таму остана само една полусезона пред да биде објавено дека поради проблеми со дисциплината е „баниран“. Причините никогаш јавно не беа објавени, но сеедно, по ова накратко се пресели во второлигашот Рошток, а откако ја заврши сезоната од Германија замина во францускиот тим Сесон Рен на местото на Душко Челица, кој, пак, се пресели во ППД Загреб.

На северот на Франција одработе една сезона и по ова се раздели со Сесон и сега е пред потпис со македонскиот Металург.

Се работи за ракометар кој игра во два правца, посебно е добар во одбрана, што, секако, ќе му биде голем плус во очите на Лино Червар.

Металург од денеска до сабота ќе игра на српскиот турнир заедно со екипите на Партизан и БГК Мешков, додека во другата група се Нексе, Пик Сегед и Добруџа Суд. Како специјален гостин на турнирот е и репрезентацијата на С. Арабија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...