Абутовиќ: Време е Вардар да игра на Ф4

Илија Абутовиќ ракометарот кој е неизоставен дел од одбраната на Вардар смета дека е дојдено време „црвено-црните“ да се пласираат на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

- Мислам дека оваа е таа сезона кога требаме да направиме чекор напред. Созреавме како екипа и со засилувања би требало да се пласираме на „фајнал фор“. Во однос на лани сигурно ќе смениме нешто во одбраната, затоа што сме повисоки, и ќе имаме и повеќе ротации. Имаме повеќе нови играчи, па и Кањељас, Марсениќ, Рожерио кои можат да играат во средина каде сум и јас. Очекувам сега ќе ни биде и полесно. На подготовките работевме повеќе на нападот, зашто за тоа треба време за воигрување. Одбраната се работи повеќе и со желба, па затоа полесно е тука да се вклопат играчите, вели Илија Абутовиќ во интервјуто за клупскиот сајт.

Тој се осврнува и на настапот неодамна на турнирот во Брест, Белорусија каде Вардар го освои второто место зад домаќинот Мешков.

- Мешков е одлична екипа, нам ни недостасуваа тројца играчи, и немавме толку ротации. Тоа пресуди најмногу. Игравме три дена по ред без комплетен состав, а тие имаат две силни играчки постави. Сега ни доаѓаат во вторник во Скопје, па ќе имаме вистинска слика за силата на двете екипи.

Со натпреварот против Мешков на 30 август во Скопје се отвора новата натпреварувачка сезона за Вардар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...