Македонецот продолжува со успешните настапи низ С. Америка

По настапот на Олимписките игри, македонскиот пливач Марко Блажевски се врати на НЦАА активностите, и тоа со два нови државни рекорди. Тој овој пат на митингот „Спедо чемпс“, кој се одржа во Гринзборо, Соединетите Американски Држави, постави државен рекорд во дисциплината 200 метри мешано, каде што имаше време од 2:04.73 минути. Со тоа Блажевски го освои првото место и го подобри стариот рекорд во време од 2:05.53, кој беше во сопственост на Александар Миладиновски. Блажевски второто најдобро постигнување го направи на 200 метри пеперутка, каде што имаше време од 2:04.14 минути.

Благодарение на добрата форма во која се наоѓа нашиот пливач, во последните две години, Блажевски успеа да подобри пет државни рекорди на Македонија. Првиот го забележа на 200 метри градно (2:18.14 минути), потоа на 200 метри мешано (2:03:06 минути), 200 м грбно (2:12.82 м.). На 400 метри мешано имаше време од 4:23.51 минути, со што го подобри остварувањето на Александар Маленко, кој беше стар 18 години. Последното остварување беше на „Спедо чемпс“, каде што на 200 пеперутка имаше време од 2:04.14 минути.

Со одлука на советот на Македонскиот олимписки комитет, на седницата одржана година, Марко доби стипендија. Тој во овие две години има примања во износ од 800 долари. Покрај него, со оваа признание се здоби и Богдановски. Овие финансирања служат за остварување што поквалитетни подготовки, кои би донеле и подобри резултати на интернационалните натпреварувања.

НАЈДОБАР ПЛИВАЧ ВО КАРОЛИНА

Со своите одлични претставувања низ Северна Америка, Марко се стекна со признанието најдобар пливач во Каролина. Неговите постигнати резултати имаат најголема вредност според ФИНА-табелата. Поради ова остварување, тој доби стаклена статуа од гувернерот на Северна Каролина, Пет Мекори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...