Червар: Репрезентацијата ги отвора вратите

Лино Червар тешко дека можеше да одбере подобар термин за да ја однесе репрезентацијата во Битола. Најракометниот град одново дише за омилениот спорт, по првото битолско дерби.

Четири дена по дуелот меѓу Пелистер и Работник, на „широк сокак“ сè уште се зборува за ракомет. Дефилето е на „пелистерци“, но видовме дека и од Работник се незадоволни. Најавуваат одење напред.



Во целата приказна одлично се вклопува и македонскиот национален тим. Лино Червар доведе триесетина ракометари кои ќе конкурираат за место во репрезентацијата.

Дел од нив се познати, дел не, идејата е да се разбудат ракометните центри низ Македонија.

„Мораме да излеземе од Скопје и да се покажеме низ Македонија“, вели Червар. „Многу ми е мило што сме денеска во Битола, град кој со полна сала го пречека првенството. Тоа е добро за целиот македонски ракомет. Не смееме да имаме само два клуба, потребно е да имаме четири пет дерби натпревари, така ќе знаеме дека сме напредувале, дека се подигнал квалитетот на ракометот. Јас сум горд кога велам дека ракометот е спорт број еден во Македонија. Единствена земја во Европа каде што ракометот е спорт број еден“, изјави Червар.

Целата поента на овој собир и на тие што ќе следат е малку поинаква и покомплексна. Идејата е да се воспостави соработка

и еден малку поинаков систем на функционирање. Ќе биде потребно време и многу собири за да профункционира целата приказна. Битно е дека има разбирање на релација РФМ - национален тим, дека е прифатена идејата и дека не се гледа на неа со потценување.

„Денеска сме овде, на почетокот на октомври ќе одиме во друг град, не сме одредиле уште каде, во ноември ќе имаме уште еден собир. Тоа ќе стане практика. Ќе го надоградуваме ова, оваа соработка од собир во собир и, конечно, да воспоставиме систем. Наш систем што најмногу ќе одговара на нашиот менталитет. По тоа тој систем ќе треба да даде резултати, да извадиме играчи. Од една генерација да се извадат два-тројца играчи за репрезентацијата е успех. Ние денеска овде нудиме соработка. Ги отвораме вратите од репрезентацијата за сите. Сите мора да знаат дека ако правилно работат и се максимално посветени, можат да станат потенцијал за играње во националниот тим“, вели Червар.

„Повикавме многу играчи, тука има и кадети и јуниори. Видовме утрово како работат, има овде потенцијал. Имаме потенцијал кој не знаеме да го искористиме и тоа сакаме да го смениме. Тоа е една од нашите цели.

Разговарав со тренерите, овде, во Битола. Ги слушнавме нивните маки, ќе бараме заеднички начин како да им помогнеме. Мораме да работиме, да ги насочиме младите кон спортот“, вели селекторот на Македонија.

Македонија во ноември игра два квалификациски натпревари за пласман на ЕП Хрватска, првенство кое би требало да го дочекаме со подмладен состав. Наш прв противник ќе биде Украина на 2 ноември, во Скопје, а три дена подоцна ќе играме и со стариот познаник Чешка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...