Двократната шампионка Фајт повторно во акција

Двократната шампионка од Светскиот куп во алпско скијање, Австријката Ана Фајт, која до лани беше позната по моминското презиме Фенингер, се враќа на скијањето во вторник во Земеринг, во прва трка од март 2015.

Фајт ги скина лигаментите на коленото при пад на тренинг на 21 октомври 2015, на само три дена пред стартот на Светскиот куп. Таа беше во формата на својот живот од Олимпијадата во Сочи во 2014 освојувајќи ги титулите од СК во 2014 и 2015.

„Подготвена сум за враќање. Физички се уште не сум на највисокото ниво, како пред повредата, но имам доволно прогрес и сакам да се вратам на скии“, вели олимписката шампионка во супер-џи.

Последна трка за 27-годишната Австријка беше на 22 март 2015 година, кога победи на велеслаломот во францускиот Мерибел, и повторно се враќа во иста дисциплина во која освојуваше две титули.

„Едвај чекам да го направам овој чекор. Ќе биде посебно чувството да се биде во куќичката на стартот по толку време“, додава Фејт.

Таа најави кам-бек пред стартот на сезоната, но реши да паузира уште неколку месеци за да ја врати физичката сила. Нејзиниот кам-бек доаѓа пред враќањето на уште една повеќекратна шампионка од Светскиот куп, Американката Линдзи Вон во јануари.

Актуелната шампионка од Светскиот куп, Швајцарката Лара Гут влегува во трките во Австрија како фаворитка по четири победи во велеслаломски трки оваа година. Гут исто така ќе се бори за враќање на водството во генерален пласман од Американката Микаела Шифрин, бидејќи таа и „бега“ само 5 поени, а на програмата во Земеринг се два велеслаломи (еден префрлен од Куршевел) и еден слалом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...