Ана тргна „златно“ во 2017

Анастасија Богдановски со златен медал ја отвори новата, 2017 година. Нашата најдобра пливачка на вчерашниот НЦАА митинг во Индијанаполис, САД, се закити со најсјајното одликување во дисциплината 50 јарди слободен стил. Ана патеката ја мина за 22.80 секунди оставајќи ги зад себе Американките Кели Пенингтон (23.06) и Керолин Кејн (23.27).

Воедно, Богдановски, која настапува како претставник на Универзитетот Џон Хопкинс, времето кое го постави е за девет стотинки послабо од актуелниот националниот рекорд.

„Одличен резултат, кој е добар показател за мојата нагорна линија во формата. Се надевам дека ќе продолжам во исто темпо. Ова е одлична најава за новата 2017 година во која се надевам дека ќе имам многу повеќе успеси“, изјави Ана за специјализираниот студентски сајт за пливање „Колеџ свиминг“.

Успехот на Анастасија е само продолжение на квалитетните настапи на македонските репрезентативци на американско тло откако пред една две и Марко Блажевски на истото првенство ја освои титулата на 200 метри градно.

БЛАЖЕВСКИ ИСТО ТАКА СО МЕДАЛ

На истиот митинг Марко Блажевски стигна само до сребрениот медал во дисциплината 100 јарди мешано. Притоа остварувајќи време од 41.50 секунди, што беше недоволно за победата, која замина кај Алекс Мастрих, кој целта ја мина за 40.65 секунди. На третата позиција се најде Тим Карвес (42.10).

„Мислам дека можев да направам уште подобар резултат, но што е тука е. Сепак, се радувам на мојата форма, која е сè подобра по Светското првенство во Казан. Се надевам дека здравјето ќе ме послужи и дека ќе немам никакви проблеми во наредниот период бидејќи следуваат уште понапорни тренинзи“, потенцира Блажевски.

Марко подоцна се појави и на 200 јарди слободен стил, но таму крајната цел ја мина за 1:45.20 минута, што беше доволно на крајот да се најде како седми.

Неговата сестра Вера, пак, повторно имаше неуспешен обид да обезбеди норма, на главното натпреварување на 200 јарди слободно. Таа со времето од 2:01.35 минути, имаше заостанување од нешто повеќе од три секунди, зад поставената временска рамка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...