Металург „вози“ според планот

Хокеарите на Металург остварија две победи и еден пораз на третиот турнир од Балканската лига, кој се одржа во Суботица. Македонскиот тим број еден, кога станува збор за овој спорт, вчера беше подобар од Вукови Сараево со 8:3. Ден пред убедливата победа над тимот од Босна и Херцеговина славеа над Славија Софија, и тоа преку подобро изведените пенали.



Стрелци во убедливата победа над клубот од Босна и Херцеговина беа Атанасов и Урбас со по два погодоци, како и Децковски, Ташевски, Внук и Мијушковиќ.

Втората победа беше остварена над Славија Софија, по подобро изведување пенали, откако во регуларниот тек натпреварот заврши 5:5. Во пенал-рулетот на сцена стапи голманот на „пиратите“, Владе Илиевски, кој одбрани два удари, од друга страна Металург преку Децковски и Атанасов дојде до целиот плен.

Претходно, македонскиот состав во првиот меч од турнирот во Суботица загуби од домаќинот Спартак со 12:6.



По крајот на третиот турнир од БАХЛ, Спартак Суботица е на врвот со 20 бодови со максимален ефект, додека Металург е на втората позиција со 15. На третото место се Вукови Сараево со 9 поени, додека последнопласирани се и на последната позиција е Славија Софија со три бода.



Следниот турнир од ова регионално натпреварување ќе се игра од 11 до 13 март во Софија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...