Петар Заборски го освои бронзениот медал за Македонија на ЕП во карате

На Европското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година кое викендот се одржа во Софија, Бугарија, македонскиот репрезентативец, член на клубот Макпетрол-Скопје, Петар Заборски во највозрасната младинска категорија (У21), успеа да го освои бронзениот медал.

Во првата средба Заборски загуби од повеќекратниот европски и светски првак Габор Хараспуки од Унагрија со резултат 0-3, но бидејќи Унгарецот влезе во финалето, Петар доби шанса да се бори за бронзениот медал и тој во репасажот се покажа во вистинското светло и ги доби сите три борби. Беше подобар од Ардит Рушити (Словенија), Ѓорѓе Салапура (Србија) и Серјожа Сергасјан од (Ерменија).

Петар Заборски е нашиот јуниорски европски вицешампион од претпоследното европско првенство во Швајцарија, Цирих (2015). Ова е веќе втор европски медал за овој млад и перспективен карате репрезентативец.

Европското првенство беше рекордно по број на земји учеснички или вкупно 50 држави, што до сега е најмасовен спортски настан на континентот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...